Apple со години го држи убедливо првото место на пазарот на паметни часовници. Конкурентите никако не успеваа ни да се приближат, па тоа изглед конечно почнува да се случува.

Ова приближување се должи на новата соработка помеѓу Google и Samsung кои се здружија во развојот на новата верзија од Wear OS, оперативен систем базиран на Android кој Google слободно може да се каже дека го запостави изминатите години.

Резултатот од оваа соработка е One UI Watch, односно Wear OS 3, кој за почеток ќе биде достапен само на часовниците од Samsung, а првиот часовник кој работи на овој нов систем е веќе достапниот Galaxy Watch4, кој доаѓа и во Classic верзија.

Комбинацијата на искуството на Samsung во правењето на паметни часовници и сега новиот оперативен систем направи да Galaxy Watch4 се продава одлично со што Apple за првпат може да се загрижи дали ќе го задржи своето прво место.

Samsung со продажбата на Galaxy Watch4 го презема второто место од Huawei, кои исто така имаат одлични часовници на пазарот.

Ако се спореди со третата четвртина од минатата година со третата од оваа година, Samsung го има зголемено пазарниот удел од 9,9% на 14,4%. Apple сепак го задржува првото место, па се верува дека иако имаат пад на уделот, со почетокот на продажбата, која доцнеше, на Apple Watch 7, првото место повторно ќе им биде зацврстено.

Од идната година се очекува и другите производители кои имаа соработка со Google, да почнат да ја користат новата верзија од Wear OS, па конкуренцијата на Apple дополнително ќе се зголеми.

ИЗВОРArsTechnica
ИЗВОР 2Counterpoint
Претходна статијаDuckDuckGo на Android ќе ве штити од апликациите кои ја следат вашата активност
Следна статијаССК: Потребни се одржливи мерки за сузбивање на пандемијата и спас на економијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.