NASA во текот на вчерашниот ден успешно ја заврши својата DART – Double Asteroid Redirection Test мисија и покажа дека со точна прецизност може да погоди вселенско тело на голема оддалеченост.

Целта на оваа мисија, односно на судирот со вселенско тело, е одбрана на Земјата од можни катастрофални удари во иднина од страна на астероиди или комети. Мала промена на орбитата на некој астероид, на пример, може да направи голема разлика во тоа да тој не ја погоди Земјата.

Леталото на NASA, кое е во форма на кутија и тежи 570 килограми, го започна својот пат до целта пред 11 месеци, односно во ноември минатата година. Оддалеченоста на целта е 11 милиони километри од Земјата и леталото во истата се удри со брзина од 22.530 километри на час, доволно за да го забави движењето на Dimorphos и да му ја скрати орбитата за 1% или 10 минути.

Dimorphos астероидот, кој е со големина од 160 метри во дијаметар, орбитира околу поголем астероид, наречен Didymos кој е со дијаметар од 780 метри. Двата астероиди не претставуваат закана за Земјата, односно нивниот пат не води до нашата планета.

Во деновите што следат ќе се собираат и анализираат информациите кои биле испратени од леталото се до неговиот судир со астероидот.

„Во својата суштина, DART претставува невиден успех за планетарната одбрана, но исто така е мисија на единство со вистинска придобивка за целото човештво. Додека NASA го проучува космосот и нашата планета, ние исто така работиме на заштита на овој дом и оваа интернационална соработка ја претвори научната фантастика во научен факт, демонстрирајќи еден начин на заштита на Земјата.“ – изјави Бил Нелсон, администраторот на NASA.

Во продолжение можете да погледнете кратко и интересно видео од Бил Нај, познат како Bill Nye the science guy, во кое објаснува што е целта на DART мисијата.

Сликите од последните моменти до судирот со астероидот, како и видео од последните моменти, можете да ги погледнете на овој линк.

ИЗВОРNASA
Претходна статијаНово видео од Google го прикажува дизајнот на Pixel Watch
Следна статијаHuawei Nova Y70 е смартфон кој ќе го полните само неколку пати во неделата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.