Google официјално го закажа нивниот „Made by Google“ настан на кој ќе ги претстави новите генерации од нивните Pixel телефони, односно веќе делумно прикажаните Pixel 7 и Pixel 7 Pro. Настанот ќе се одржи на 6 октомври со почеток во 16:00 часот по македонско време, а ќе може да се следи во живо преку YouTube каналот од компанијата.

Конечно, како што почнаа да практикуваат и другите компании, на настанот ќе има покането да присуствуваат луѓе, иако во ограничен број и само новинари. Ќе се одржи во Williamsburg населбата во Њујорк, а претставените производи ќе може веднаш да се купат, штета што кај нас уште не се продаваат.

На овој настан Google ќе ги претстави Pixel 7 и Pixel 7 Pro телефоните, како и Google Pixel Watch, а најавија и претставување на неколку нови производи од Nest.

Некоја значително голема разлика во изгледот на новите Pixel телефони нема. Тоа што ќе биде ново е користењето на втората генерација од Tensor чипот кој Google го развиваат за овие телефони, нови камери, а секако и новиот Android 13.

Google исто така конечно ќе го претстави нивниот паметен часовник Google Pixel Watch, нешто на кое се чекаше доста време. Сепак, од сликите кои ги прикажаа од компанијата во мај, овој часовник може и нема да биде тоа што корисниците толку го очекуваа, но да оставиме сепак до официјалното негово претставување.

Google Pixel Watch ќе работи на Wear OS 3, кој е развиен во соработка со Samsung, што значи дека е доста подобар од претходните верзии. Исто така, може да се очекуваат доста работи од Fitbit, логично со оглед на тоа што Google ја купи оваа компанија.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаMicrosoft ќе ја пушти првата помала надградба на Windows 11 во октомври веднаш по пуштањето на Windows 11 2022 Update
Следна статијаApple денес ги претставува iPhone 14 серијата и новиот Apple Watch Series 8 Pro
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.