Во статија за неговото искуство со новиот iPhone 14 Pro Max, познатиот Марк Гурман од Bloomberg направи и неколку најави и предвидувања за што може да се очекува од iPhone идната година.

Главната најава е дека iPhone 15 Pro Max нема да биде вака наречен, а Apple ќе го замени со нов начин на именување кој го воведе со Apple Watch и ќе се вика iPhone 15 Ultra. Овој модел веќе ги има најголемиот број на карактеристики од целата серија, а со оваа промена сигурно ќе видиме дополнителна поделба, нешто слично како што тоа го прави Samsung.

Овој телефон исто така ќе дојде со USB-C приклучок, а тоа ќе биде случајот со целата серија, со оглед на тоа што од ЕУ донесоа закон кој го бара тоа, па Apple ќе мора да ја направи оваа промена од 2024. Според информациите, од компанијата веќе тестираат iPhone со USB-C и планираат да не го чекаат последниот рок за воведување на оваа промена.

Гурман исто така истакнува дека ако се земе практиката на Apple изминатите години за редизајн на iPhone, идната година е годината кога доаѓа на ред вакво нешто. Корисниците непотребно критикуваат дека iPhone 14 изгледа исто како iPhone 12, а тоа е во основа стандардна практика на компанијата да воведува редизајн на секои три години.

Доколку овие најави и предвидувања од Гурман се покажат како точни, iPhone 15 е телефонот кој корисниците би требало да го купат, а освен ако немаат доста постар телефон, оваа година слободно можат да ја прескокнат и да продолжат да го користат својот iPhone 13/12.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаССК и Стопанска комора на Хрватска потпишаа Меморандум за соработка
Следна статијаdynamicSpot го донесува Dynamic Island кај Android корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.