Apple Watch Ultra е новиот часовник кој Apple го претстави овој месец, кратко кажано, како директна конкуренција на пазарот каде главниот играч и Garmin. Во овој сегмент од пазарот во главно се заинтересирани корисниците кои често спортуваат, а посебно тие кои планинарат и слични нешто поекстремни спортови.

Меѓу другото, една од главните карактеристики на Apple Watch Ultra е неговата издржливост и е направен од титаниум, како и сафир кристал на екранот. Издржливоста треба да биде помогната и од самиот дизајн на уредот, а посебно во делот на екранот кој е рамен и повеќе сокриен од можни странични удари.

Колку од ова тврдење на Apple е точно го тестираат од YouTube каналот TechRax. Тие во видеото направија три тестови за издржливоста на Apple Watch Ultra и може да се заклучи дека тој навистина е доста издржлив.

Иако на крајот екранот беше скршен, а часовникот не работеше, тоа се случи после повеќе удари со чекан, а пред да се скрши часовникот, прво се скрши масата на која беше поставен.

Ова секако не е реална ситуација во која би можел да се најде еден корисник, па ударите кои беа потребни за да биде скршен екранот, можат да им дадат сигурност на корисниците дека тие никогаш нема да успеат тоа да го направат.

Тестовите вклучуваат и фрлање на часовникот од висина, како и поставување во тегла со шајки, а видеото можете да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаССК и Бизнис Академија Смилевски заеднички ќе инвестираат во човечкиот капитал
Следна статијаКои Samsung уреди се очекува да ја добијат One UI 5.0 надградбата до крајот на оваа година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.