Причината поради која го креиравме овој продукт е динамичното темпо кое е неизбежен дел од нашето секојдневие. Преплавени сме со голем број на информации кои не сме сигурни дали сакаме да ги апсорбираме. На овој начин, им овозможуваме на ентузијастите за учење да ги филтрираат информациите кои ги примаат и да преземат поголема контрола врз своето знаење. Вака, можат на брз и ефикасен начин да стекнат нови знаења и да бидат во тек со Tech новостите.
Создадовме 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Сега секој може да ја истражи својата омилена категорија преку 5 минутни лекции кои ќе стигнат директно на e-mail. Одбери ja темата која сакаш да ја изучуваш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ти се достапни веднаш. Преку оваа алатка ќе ги добиваш најрелевантните новости – директно во твојот џеб.
Оваа платформа е изработена од учеснците на Академијата за програмирање и Академијата за маркетинг на Brainster како дел од нивната едукација со работа на реални проекти. Идејата е учесниците да стекнат практични вештини со кои ќе стигнат до кариера од соништата. Преку проекти како што е Brainster лекции, им овозможуваме на учесниците да поминат низ процесот на создавање и лансирање на продукти кои имаат вредност за заедницата.
Brainster е иновативна компанија за едукација и кариерна трансформација која преку курсеви и Академии им овозможува на сите да дојдат до успешна кариера. Секој може да ги научи најбараните вештини за програмирање, маркетинг, дизајн и бизнис, со работа на реални проекти како Brainster лекции. Учесниците, по завршувањето на Brainster Академиите се поврзуваат со компании кои имаат потреба од таленти. Така ќе ги искористат вештините стекнати преку работа на реални продукти, за лансирање на нивната кариера од соништата.