Фото: Shutterstock.com

Покрај гледањето на видеа без реклами, пристап до YouTube Music и по уште некоја функција за претплатниците на Premium претплатата, Google во април претстави уште пет нови функции кои ќе ја направат оваа претплата доста попривлечна.

Една од тие функции е 1080p Premium квалитетот кој овозможува нешто подобар квалитет на видеата, за тие кои би можеле да ја забележат разликата. Квалитетот за бесплатните корисници останува ист, а Premium корисниците добиваат нешто подобар „битрејт“ кој кај одредени видеа навистина може да се забележи.

Оваа новина беше тестирана, а во април пуштена за корисниците на Apple платформите, односно за корисниците на iPhone, iPad, Apple TV и слично.

Сега истата може да се забележи како се „појавува“ и на другите платформи, односно на десктоп, како и на Android.

Со оглед дека ова се’ уште не е официјално, информациите доаѓаат од корисниците на кои новините им се појавуваат и можат да ги користат. Тоа значи дека од компанијата ги тестираат промените, па наскоро ќе им бидат пуштени на сите.

Можноста за пуштање на 1080p Premium квалитетот треба да стане достапна на сите платформи, односно покрај на мобилните и десктоп компјутерите, исто така и на телевизорите.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаPickbox NOW: Што да се гледа ова лето? Имаме препораки кои нема да ве разочараат
Следна статијаХалки крeативни работилници за време на летниот распуство Музеј на Град Скопје
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.