Филмови што мора да се гледаат

Once upon a time…in Hollywood. Пишував веќе за филмов, но имав потреба пак да го сторам истото. Разгледував некои сцени и реално првата половина од филмот иако е бавна, треба да се цени поради вештината на Тарантино да изгради свет во кој можеш да се пренесеш. Башка, се потсетив колку е само добра глумата во филмот и колку добри дијалози има, како секој филм на Тарантино. И пак, последната сцена е една од најзабавните што сум ги гледал во последно време. Не сакаш да ги тргнеш очите од екранот ниту една секунда, може да пропуштиш нешто.

Marriage Story. Пишував и за овој филм. Накратко, филмов речиси сигурно ќе се најде на мојата листа на топ 10 за 2020 година.

Како може да станеме посреќна земја

Why Finland and Denmark are Happier than the US? Иако прават споредба со САД, видеово е поука за сите земји во светот. Луѓето во Финска и Данска (и повеќето Скандинавски земји) се насочени кон задоволство од тоа како им оди животот и како им изгледа социјалниот живот. Не кон бесконечна амбиција да постигнуваат што повеќе од материјален аспект. Во видеото се наведени неколку параметри според кои може да се оцени задоволството и среќата на луѓето кои живеат во една држава. Од сите нив, ние веројатно исполнуваме една или две (делумно).

Зошто свесноста е битна?

Awareness: The Perils and Opportunities of Reality – Ентони Де Мело. Ја прочитав книгава пред некој ден и ми остави прилично силен впечаток. Де Мело зборува за тоа како свесноста е решение за сите наши внатрешни проблеми. Без разлика дали сме нервозни поради нешто што некој ни кажал или поради гужва во сообраќајот, нервозата ја создаваме сами и самите можеме да се отарасиме од нејзе. Треба само да ја набљудуваме, а не осудуваме. Има и многу други мудрости во книгава што дефинитивно вреди да се прочита.

Претходна статијаРСБСП со одговори: Која е целта и како правилно да користите сигурносен појас ?
Следна статијаКако да излеземе од „меурот“ на друштвените мрежи?