Фото: Shutterstock.com

Facebook, односно сега со новото име Meta, објави дека го гасат нивниот систем за препознавање на лицата кој функционираше како дел од Facebook друштвената мрежа. Со оваа одлука од компанијата истакнуваат дека ќе избришат повеќе од милијарда урнеци од корисниците кои ја имале вклучено опцијата.

Оваа одлука покажува дека голем дел од одлуката за промената на името е и промена на угледот на компанијата, а не само проширувањето на бизнисот со дополнителни производи и сервиси. Една од најголемите критики кон Facebook е дека не се грижи за приватноста на корисниците, како и за нивната безбедност, а ваквите обвинувања повторно станаа актуелни периодов по објавата на документи од страна на поранешна вработена во компанијата.

Фото: Meta

Со откажувањето на системот за препознавање на лицата ќе престанат да функционираат одредени функции на мрежата, како што е препознавањето на корисниците при објава на слика, известување на корисниците дека некој има објавено слика со нив, а исто така ќе престане да функционира и описот на сликите за лицата со попреченост.

Од Meta сметаат дека ваквата технологија е корисна и има ситуации кога треба да се користи, како на пример за докажување на идентитетот на корисници, за заштита од измами и лажно претставување.

Поради уште неодредената регулатива на властите на оваа тема, од Meta се одлучија да сепак престанат да ја користат технологијата во ситуации кога може да има проблеми со приватноста на корисниците.

Од компанијата исто така истакнуваат дека оваа технологија работи во рамките на приватноста која препознавањето се случува на самиот уред, а пример се даваат мобилните телефони и нивното отклучување со препознавање на лицето. Од Meta ќе продолжат на развој на оваа технологија, па во иднина можно е да пондат некое вакво решение.

„Секоја нова технологија донесува со неа потенцијал за корист и загриженост и ние сакаме да го најдеме вистинскиот баланс. Во случајот со препознавање на лицето, долгорочната улога во општеството треба да биде дебатирана отворено и помеѓу тие кои се најмногу погодени од неа.“ – истакнуваат од Meta.

ИЗВОРMeta
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаЛокалните инвестиции клуч за национален одржлив развој и економско закрепнување
Следна статијаHUAWEI nova 9 е претставен од група инспиративни поединци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.