Фото: 60 minutes CBS News

Францес Хауген има работено во Facebook неколку години, а реши да ја напушти компанијата оваа година поради, како што таа тврди, негрижата на Facebook за влијанието во општеството поради поголема заработка. Таа претходно има работено во Google и Pinterest, но истакнува дека во Facebook било значително полошо во споредба со се што има видено претходно.

Хауген решава да си оди од Facebook кога од компанијата го откажале секторот во кој таа има работено, сектор кој бил задолжен да се грижи за дезинформациите и слични објави за време на ланските избори во САД. По завршувањето на изборите од компанијата решиле да не продолжат со таков сектор, па воведените мерки биле само привремени.

Од Facebook тврдат дека секторот бил преточен во повеќе други сектори, но тука доаѓа главното обвинение од страна на Хауген, која пред да си оди прави копија на повеќе десетици илјади документи за да може да ги докаже своите тврдења.

Според неа, главниот проблем на Facebook е алгоритамот кој доби поголема промена во 2018 година. Како што на повеќето ни е познато, алгоритамот на Facebook функционира на начин што на корисниците им прикажува најмногу од достапната содржина која за нив е интересна.

За жал, во денешно време луѓето најмногу реагираат на негативна содржина, на говорот на омраза, дезинформации и слично. Facebook со својот алгоритам само ја влошува оваа ситуација, односно го истакнува најлошото кај луѓето.

Хауген ги обвинува Facebook дека тие се запознаени со ова и дека тие не само што не преземаат ништо, туку го оставаат поради тоа што им носи поголема заработка. Кратко кажано, колку повеќе се заинтересирани корисниците за содржината која им се прикажува на Facebook, толку повеќе време ќе поминат на мрежата, а со тоа ќе им бидат прикажани и повеќе реклами.

Facebook минатата недела беа обвинети за тоа дека ги кријат резултатите од истражување кое ги покажува негативните ефекти кои ги има Instagram на девојките тинејџерки, конкретно кај тие кои веќе имаат одредени проблеми.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2CBS News
Претходна статијаПетти Медиумски фестивал Скопје, годинава со фокус на „жените во медиумите“
Следна статијаSeinfeld на Netflix не се прикажува во оригиналниот 4:3 формат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.