Иако Seinfeld во Македонија можеше да се гледа преку Amazon Prime Video, сепак доаѓањето на серијата на Netflix ја прави доста подостапна поради поголемата популарност на овој сервис. Исто така, тие што не се сетиле да ја гледаат серијата на Amazon или би сакале повторно да ја гледаат, по тргањето од овој сервис, сега може да ја гледаат на Netflix.

Доколку почнавте да ја гледате серијата на Netflix можеби се запрашавте дали нешто не е како што би очекувале, не е само до вас. Сепак, се работи за серија од деведесеттите кога не се снимаше во 16:9 форматот, а Seinfeld на Netflix сепак е во тој формат.

Серијата навистина оригинално е снимена во 4:3 форматот, односно за старите CRT телевизори, па од Netflix ја имаат прилагодено да може да се гледа на новите телевизори без големите црни ленти од страните кои би требало да ги има.

Seinfeld на Netflix исто така се прикажува во 4К резолуција, па дефинитивно може да се каже дека ако последен пат ја имате гледано серијата на телевизија, искуството сега ќе биде многу подобро.

Сепак, за дел од фановите ова прилагодување не е добро и сметаат дека од Netflix не требале да го направат. За да се добие 16:9 форматот, се разбира дека делови од сликата мора да се исечени, односно кратко кажано сликата е „зумирана“ за да се добие овој формат.

Тоа значи дека, како што се дава во еден пример, одредени сцени нема да ги имаат сите потребни работи од оригиналниот формат, како што е на пример затворената дупка на асфалтот во која Џорџ ги губи своите клучеви. Џери и Џорџ разговараат на улицата каде во оригиналниот формат се гледа и дупката, додека во новиот формат истата не може да се види.

Не знаеме дали во целата серија има повеќе вакви ситуации и дали навистина тоа претставува проблем за искуството при гледање, а посебно кога серијата сега се прикажува на целиот екран и во 4К резолуција.

ИЗВОРSlate
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаПоранешна вработена во Facebook ја обвинува компанијата за промовирање на негативна содржина поради поголема заработка
Следна статијаИнтервју: Како да изградите успешна ИТ кариера преку ITOSE талент програмата?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.