Меѓународната компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги, Сеавус, која е дел е од групацијата Арикома, ја организира својата претстојна ITOSE талент програма за оние кои сакаат да научат како да обезбедат најдобар хостинг, системска администрација и поддршка во различни технологии, и да започнат кариера како инженери за ИТ операции и поддршка.

Целта на ITOSE талент програмата е да привлече потенцијални кандидати без работно искуство и да им даде можност за долгорочен развој на кариерата во различни области. Програмата ги запознава учесниците со:

  • оперативните процеси и основите на ИТ операциите и поддршката според стандардите на ITIL,
  • основите на оперативните системи Linux и Windows, 
  • cloud computing, администрација и одржување на MS SQL или Oracle сервери,
  • Shell и Powershell-скриптирање, и
  • ИТ безбедност.

ITOSE талент програмата ќе се одвива онлајн, на почетокот на ноември и е најсоодветна за неодамна дипломираните студенти или студенти во последната година на студии по компјутерски науки и програмирање, како и за кандидатите кои сакаат да ја пренаменат својата кариера во ИТ операциите. Обуката ќе трае 5 недели и ќе вклучува осумчасовни интерактивни и практични предавања од страна на експерти вработени во Сеавус.

На најдобрите кандидати ќе им биде дадена шанса да станат дел од тимот на Сеавус и да работат во високо конкурентна средина. Со вработувањето, тие ќе можат да го искусат креативниот дел во развојот на производите и да стекнат меѓународно деловно искуство, работејќи за некои од врвните светски компании.

Токму преку вакви талент програми, многу инженери на Сеавус ја започнале својата кариера во компанијата. Меѓу нив се:

  • Марија Браво, помлад инженер  за ИТ операции и поддршка (2 години во Сеавус),
  • Фисник Селими, среден cloud инженер (речиси три години во Сеавус), и
  • Зоран Гичевски, помлад инженер за ИТ операции и поддршка (речиси две години во Сеавус).

Како ја започнавте вашата кариерата во ИТ секторот и колку талент програмата влијаеше на вашиот понатамошен развој?

„Мојата кариера во ИТ секторот започна кога аплицирав за ITOSE талент програмата, што ми помогна да добијам јасна претстава за тоа што сакам да го постигнам во мојот живот.

Бев во мојата последна година на студии и се уште не одлучував во која насока треба да се развивам професионално. Доаѓајќи во совршено време, ITOSE ми помогна да одлучам по кој пат да одам.

Од денешна перспектива, можам да кажам дека програмата за таленти опфаќа многу важни теми за почетници и обезбедува основа за идните работни позиции во ИТ секторот.

Дополнително, дава можност да стекнете професионално деловно искуство додека работите во конкурентна средина. Преку оваа програма можете да научите како да пристапите кон одредени проблеми, да ги завршите задачите на време, да работите во тимови и да ги подобрите вашите вештини. Тоа е совршен отскочна штица за секој што сака да ја започне својата кариера во овој сектор“, вели Марија Браво – помлад инженер  за ИТ операции и поддршка.

Кои се најважните придобивки од талент програмата на Сеавус?

„ITOSE талент програмата е одлично место за учење и соработка со колегите кандидати кои имаат страст да работат во ИТ секторот. Преку програмата, ќе научите како да ги имплементирате своите вештини во проекти и да се подготвите за ИТ кариерата што ја посакувате. Сите предавачи се експерти во својата област и работат на проекти од реалниот живот. Учењето од нивното искуство е највредната придобивка што можете да ја стекнете.

Последно, но не и најмалку важно, средбата и размената на идеи со други кандидати може да отвори нови начини на креативно размислување и идеи за тоа како да се решат реалните проблеми, на начин како што тоа го прават најдобрите инженери“, истакна Зоран Гичевски – помлад инженер за ИТ операции и поддршка, кој во компанијата работи една година и 10 месеци.

Какви знаења и вештини стекнавте во текот на програмата?

„Силно им ја препорачувам ITOSE талент програмата на сите неодамнешни дипломирани ИТ инженери, кои се уште не се дел од ИТ индустријата и бараат место да ја почнат кариерата.

За време на програмата, ќе наидете на различни видови технологии кои ќе ви бидат од голема помош во вашето следно патување како ITOSE, како што се  cloud технологиите, системска администрација, вмрежување, бази на податоци и мониторинг. Ќе научите различни видови технологии кои се од суштинско значење за ITOSE и вашиот личен развој. Исто така, ќе научите различни вештини, како што се комуникација, тимска работа, вештини за решавање проблеми и работна етика.

Што се однесува до моето лично искуство, открив дека талент програмата е многу корисна. Ме воведе во ИТ доменот, за кој не ни знаев дека постои пред да учествувам во ITOSE талент програмата; домен во кој оттогаш уживам“, изјави Фисник Селими, среден cloud инженер.

Што би им препорачале на оние кои се двоумат да се приклучат на ITOSE програмата за таленти и зошто треба да го сторат тоа?

„Би сакал силно да ги охрабрам сите мои потенцијални колеги да аплицираат за оваа програма, бидејќи може да им помогне да го откријат и да го поттикнат својот потенцијал како ИТ инженери. Оваа програма ми помогна да ги разберам основните концепти на технологиите што денес ги користам редовно и се клучен дел од моите секојдневни активности.

Не се двоумете да аплицирате, дури и ако мислите дека ви недостасуваат вештини или знаења во ИТ областа. Имајте на ум дека оваа програма започнува од почетно ниво и нејзината цел е да ви помогне да одлучите во кој дел од ИТ светот би сакале да работите. Лично сметам дека талент програмата е многу возбудлив дел од моето ИТ образование, што неверојатно ми помогна во започнување на пријатна кариера како инженер за ИТ операции и поддршка“, потенцира Зоран Гичевски – помлад инженер за ИТ операции и поддршка.

Ако сакате да изградите извонредна ИТ кариера, да стекнете врвно работно искуство со помош на најдобрите професионалци и да учествувате во интересни проекти, не заборавајте да се придружите на ITOSE талент програмата на Сеавус.

Претходна статијаSeinfeld на Netflix не се прикажува во оригиналниот 4:3 формат
Следна статијаWindows 11 официјално достапен од денес