Како што неофицијално беше најавено од страна на The Verge минатата недела, Facebook во текот на вчерашниот ден преку нивниот Connect 2021 настан, го најави своето ново име. Компанијата отсега ќе се вика Meta, а ова име е и очекувано кога ќе се земе во предвид колку пати беше споменат зборот метаверзум.

Промената на името на Facebook не треба да се помеша со промена на името на истоимената друштвена мрежа. Што се однесува до мрежата, Facebook останува Facebook, а промената на името е само на компанијата која досега го носеше истото име поради тоа што оваа друштвена мрежа беше главниот производ.

Facebook веќе не сакаат да бидат идентификувани само со друштвената мрежа, па компанијата ќе го има посебното, Meta, име со кое ќе стане појасно дека Facebook мрежата е само еден дел од сега повеќето производи и услуги.

Како што повеќето од вас знаат, под Facebook, односно сега Meta, се и Instagram, WhatsApp и Oculus, а од компанијата се повеќе покажуваат знаци дека ќе инвестираат многу во областа на виртуелната и изменета реалност.

Тие веќе најавија дека планираат да претстават посебен сервис за видео конференции наменет да се користи со Oculus очилата за виртуелна реалност, нешто што како вид на комуникацијата стана популарно со корона кризата, но изгледа ќе остане и понатаму.

Уште една причина се истакнува, но не од самата компанија секако, за промената на името, а тоа е лошиот углед кој го има Facebook веќе со години, а негативните новости не престануваат да излегуваат до ден денес.

Моментално актуелни се документите кои ги извади од компанијата поранешна вработена во компанијата, која тврди дека во Facebook главниот фактор е профитот, па дури и на сметка на правење на штета на корисниците.  

Марк Закерберг објави писмо кое тој го има исправено до вработените преку кое го објаснува правецот во кој ќе се движи компанијата со промената на името, а со тоа и официјализирањето на промените.

ИЗВОРFacebook
Претходна статијаШпанија подготвува аукција за mmWave 5G спектарот
Следна статијаЗапочнува продажбата на HUAWEI nova 9 на македонскиот пазар
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.