Shutterstock.com

Американскиот портал The Verge излезе со информација, од нивни извори кои имаат директно познавање на темата, дека Facebook планира ребрендирање на компанијата со менување на името. Уште не е познато кое би било новото име, а според изворите тоа се чува во тајност, па дури не сите директори во Facebook се запознаени со овие планови.

Друштвената мрежа се верува дека ќе го задржи своето име, тука нема да им промени, а главната промена ќе биде во името на компанијата која уште го има истото име со мрежата. После толку години, друштвената мрежа не е единствениот бизнис на компанијата, па наводно Марк Закерберг сака тоа да биде отсликано и во брендирањето на бизнисот.

Под Facebook моментално се и Instagram, WhatsApp, Oculus, а од компанијата продолжуваат со развој на повеќе нови производи од кои доста се во областа на проширената и виртуелната реалност.

Веќе неколку месеци се говори од страна на компанијата и Закерберг дека Facebook веќе не е само друштвена мрежа, туку таа прераснува во „метаверзум“ од услуги и производи.

Новото име, кое се очекува да биде претставено наскоро, се очекува дека под себе ќе ги има сите производи и услуги од Facebook, а може да се каже дека со една ваква промена, работите би биле многу повеќе јасни и организирани.

Една од причините, покрај поголемото проширување на компанијата, за ребрендирањето, се истакнува и лошиот углед кој го има Facebook веќе неколку години, а не престануваат да излегуваат нови информации кои не и одат во прилог на компанијата. Со ново име на главната компанија, можеби проблемите ќе може да останат повеќе поврзани со Facebook друштвената мрежа, а не со целата компанија.

Нешто слично пред 6 години направи и Google кога, поради огромното проширување на бизнисот кој веќе не може да се каже дека е во главно составен од интернет пребарувач, создаде нова компанија под која како посебна влезе Google, а останатите бизниси исто така како посебни компании. Компаниајта Alphabet сега е главната компанија под која се повеќе компании претходно под капата на Google.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаПосебните функции на Google Phone апликацијата за корисниците на Pixel 6 телефоните во САД
Следна статијаPayPal е во можни разговори за купување на Pinterest
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.