Фото: Shutterstock.com

Facebook повторно се најде во вестите со обвинувања за начинот на работа кој го практикува компанијата. Поранешната вработена Францес Хауген, која од компанијата извади повеќе илјадници документи, обвини дека во Facebook главно значење се става на профитот, па дури и на сметка на промовирање на негативна содржина.

Основачот и директор на компанија, Марк Закерберг, испрати писмо до своите вработени чија содржина ја објави јавно на својот Facebook профил.

Објавата Закерберг ја започнува со коментар за големиот прекин на нивните сервиси во понеделникот и истакнува дека за нив не е грижа колку пари имаат изгубено, туку што тоа значи за нивните корисници кои се ослонуваат на сервисите за комуникација со најблиските, да ги водат своите бизниси и слично.

Потоа тој продолжува со коментирање на обвинувањата за кои истакнува:

„Второ, сега кога денешното сведочење е завршено, сакав да се осврнам на јавната дебата во која сме дел. Сигурен сум дека многу од вас им е тешко да го прочитаат актуелното известување затоа што тоа едноставно не ја отсликува компанија која ја познаваме. Ние сме длабоко навлезени во прашањата како безбедност, добросостојба и ментално здравје. Тешко е да се види известување кое погрешно ги претставува нашето работење и нашите причини. На најосновното ниво, јас мислам дека повеќето од нас едноставно не ја препознаваат погрешната слика за компанијата која е насликана“. – истакнува Закерберг.

Марк продолжува да објаснува дека обвинувањата немаат никаква логика затоа што доколку тие би сакале да ги игнорираат истражувањата, зошто воопшто би направиле водечка програма за истражување која има за цел да ги разбере овие важни прашања.   

„Во суштината на овие обвинувања е идејата дека ние го приоретизираме профитот над безбедноста и добросостојбата. Тоа едноставно не е точно. На пример, еден потег кој е доведен во прашање е кога ги претставивме Значајните друштвени интеракции на листата со новости. Оваа промена прикажува помалку вирални видеа и повеќе содржина од пријателите и семејството – нешто што го направивме знаејќи дека ќе значи помало време поминато на Facebook од страна на луѓето, но истражувањата покажаа дека тоа е вистинската работа за добросостојбата на луѓето. Дали е тоа нешто кое компанија која е фокусирана на профитот над луѓето би го направила?“ – додава Марк.

Во остатокот од објавата Закерберг продолжува да пишува за обвинувањата дека нивните сервиси се штетни за помладите корисници, нешто поради кое од компанијата одлучија да го паузираат пуштањето на Instagram верзија за децата.

Целата објава можете да ја погледнете тука.

Претходна статијаНови најави за донесување на „ray tracing“ технологијата од AMD кај Exynos чип од Samsung
Следна статијаЕксперти од Алибаба, Спотифај и Вибер ќе бидат дел од годишната конференција за е-трговија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.