Фото: Shutterstock.com

По информациите дека Samsung и AMD ќе соработуваат во некоја од наредните верзии од Exynos чипот од Samsung, оваа година на Computex 2021 AMD ги потврдија информациите и најавија дека соработката ќе се види веќе во наредната генерација од чиповите.

Со оваа најава дојде и информацијата дека AMD ќе ја донесе својата RDNA 2 технологија кај Exynos чипот, нешто што се зема како најава за донесување на „ray tracing“, меѓу другото, кај мобилните чипови.

Оваа технологија направи сопствена мала револуција кај десктоп гејмингот пред некоја година, па донесувањето на истата кај мобилните сигурно нема да помине незабележано, а посебно од корисниците кои најмногу играат игри преку нивните мобилни.

Се верува дека Exynos чипот со графика од AMD ќе дојде со наредната генерација, односно со Exynos 2200 кој треба да биде претставен до крајот на годината или во јануари. Овој чип ќе биде вграден во наредната генерација од Galaxy S серијата, односно кај Galaxy S22 уредите.

Познатиот Ice universe објави слика која од Samsung ја имаат објавено на Weibo каде се гледа споредба помеѓу обичен графички процесор и Exynos графички процеосор. Оваа слика се смета како доказ дека Exynos 2200 ќе ја донесе ray tracing технологијата кај мобилните, но секако ќе оставиме уште малку време да тоа го потврдат од компанијата.

Донесувањето на AMD графиката кај Exynos секако не може целосно да се спореди со таа кај десктоп процесорите. Од AMD и Samsung ќе мораат да направат одредени прилагодувања со цел технологијата да може да биде пренесена на мобилните процесори, а со тоа истата би имала и нешто послаби перформанси.

ИЗВОРGizmodo
Претходна статијаНатпревар за најдобар блог „Во каков град сакаш да живееш?“
Следна статијаМарк Закерберг за обвинувањата за работата на Facebook: „Тие не ја отсликуваат компанијата која ние ја познаваме“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.