Samsung и AMD соработуваат веќе неколку години, а на почетокот од оваа излегоа неофицијални информации дека резултат на таа соработка ќе биде и во областа на графичките процесори, нешто за кое од AMD секако се доста познати.

Според тие информации, Exynos чипот од Samsung ќе работи со графички процесор направен од страна на AMD. Ова става доста големи очекувања за перформансите кои ќе се добијат кај Exynos чиповите, а посебно во делот за играње на игри.

За време на својата презентација на Computex 2021, AMD ги потврдија овие информации и најавија дека веќе наредната генерација од Exynos ќе дојде со графика од AMD. Наредната генерација од Exynos се очекува некаде во втората половина од годината.

Тоа што е уште поинтересно и привлекува повеќе внимание е најавата дека AMD ќе ја донесе својата RDNA 2 технологија од новите RX 6000 графички, кај мобилните телефони. Ова би било првпат вакво нешто да биде достапно за мобилните, па корисниците може да очекуваат дека новите мобилни игри ќе дојдат со доста повеќе детали и пореална графика.

Конкретно, со RDNA 2 технологијата, на мобилните ќе дојде ray tracing и variable rate shading, нешто што слободно може да се каже дека кај десктоп компјутерите и играчките конзоли, направи свој вид на револуција.

Ќе биде интересно да се види како оваа технологија ќе функционира на мобилните и покрај тоа што истата доаѓа со доста поефикасно трошење на енергија. Повеќе информации може да се очекуваат пред и за време на претставувањето на наредната генерација од Exynos чипот.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаVodafone и Qualcomm во пакт да ја поттикнат примената на Open RAN
Следна статијаHuawei ја претстави серијата нови производи, базирани на HarmonyOS 2
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.