Веќе одреден период се шпекулира за соработка помеѓу Samsung и AMD со која Exynos чиповите ќе добијат графички процесор од оваа позната компанија. Тоа е голема вест за овој бизнис, а Exynos може да стане еден од најдобрите мобилни чипови на пазарот.

Затоа не е чудо што споредбата на потенцијалниот Exynos чип се прави со чиповите од Apple кои секоја година се покажуваат како одлични, а Apple почна да ги прилагодува и користи и кај нивните лаптоп компјутери.

Веб страна од Јужна Кореа излезе со информација дека имаат дојдено до тест на Exynos чипот кој работи со AMD графички процесор. За жал тие немаат некоја слика со која би дале некаква тежина на нивното тврдење, па оваа информација останува само во рамките на шпекулации кои не може да се потврдат.

Како и да е, според нив, чипот од Samsung се покажува доста добар и постигнува одлични резултати преку GFXBench апликацијата за „бенчмарк“. Резултатите се ставаат во споредба со A14 Bionic и се доста подобри со што се зголемуваат очекувањата од Exynos.

Сепак, со оглед на тоа што овој чип уште не е претставен, а тоа може да се случи најрано дури во втората половина од оваа година, кога Apple ќе го претстави нивниот A15 чип, резултатите може да се погодат само во рамките на тие од Apple.

Samsung оваа година покажува дека нивниот Exynos чип е на врвот на пазарот, после дискутабилна 2020 година.

ИЗВОРSamMobile
Претходна статијаКо-основачот на OnePlus Карл Пеи, ја претстави својата нова компанија која се вика „Nothing“
Следна статијаДојче Телеком е највредниот европски телекомуникациски бренд
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.