Тема

Поднеси блог во кој ќе ги изнесеш своите ставови и идеи од областа на животната средина, климатските промени, биодиверзитетот, урбанизацијата и архитектурата, природните ресурси, екологијата, енергетиката итн. Прикажи проблем со кој сметаш дека се соочува заедницата во кој било град од државата и понуди решенија или препораки за надминување на тој проблем. Која промена сакаш да ја видиш во околината во која живееш ти и твоите сограѓани?

Кој може да учествува

Конкурсот е отворен за сите граѓани на Македонија кои имаат најмалку 18 години на денот на поднесувањето на блогот. Вработените во Институтот за комуникациски студии, вклучувајќи ги и членовите на нивните семејства се исклучени од учество на овој конкурс.

Како да учествуваш

  • Испрати го твојот блог (900 – 1300 зборови) на македонски или албански јазик на [email protected] најдоцна до 26 октомври (вторник), 2021 година со назнака „За КОНКУРС за најдобар блог“. Мејлот треба да го содржи текстот во ворд формат, кратка биографија и фотографија од авторот. Анонимни поднесоци нема да бидат разгледувани.
  • Секој поединечен учесник може да поднесе најмногу еден текст. Коавторските текстови ќе бидат автоматски дисквалификувани.
  • Текстовите мора да се оригинално изработени само за целите на овој конкурс. Веќе објавени (или прифатени за објава) текстови на друг медиум ќе бидат дисквалификувани.
  • Блоговите не смее да содржат говор на омраза и навредливи содржини.
  • Авторите треба да ги следат насоките на Рес публика за изработка на блогови, достапни на следниот ЛИНК.
  • Победничките блогови од минатогодишниот натпревар можете да ги пронајдете на следниот ЛИНК.

Селекција

Селекцијата на најдобритe блогови ќе ја врши комисија составена од членовите на уредничкиот тим на Рес публика, и претставници на ИКС.

Критериуми за селекција

  • Јасност на изнесените аргументи и идеи. Блоговите треба да бидат напишани на начин кој ќе биде разбирлив за пошироката публика.
  • Релевантност на идентификуваниот проблем и предложените решенија. Текстот треба да има јасна поврзаност со одредена политика, настан, одлука или актуелна тема што директно ги засега граѓаните и околината во која живеат.
  • Добро користење на докази. Текстот треба да биде заснован на докази поткрепени со објавени истражувања на други автори, институции или организации.

Резултати

Резултатите ќе бидат објавени на 29 октомври (петок), 2021 година. Победниците ќе бидат директно контактирани на нивната мејл адреса. Одлуката на комисијата е конечна.

Награди

Победникот на конкурсот ќе биде поканет да учествува на меѓународна конференција во Атина, Грција, со обезбедени трошоци за пат, сместување и дневни трошоци (утврдени според политиките и правилата на Институтот за комуникациски студии). Победникот е должен да обезбеди патничко осигурување.

Награда за второ место: Електронски читач на книги – Amazon Kindle (Paperwhite).

Награда за трето и четврто место: Вредносен ваучер од Академска книга во износ од 4000 денари.

Првите шест рангирани блогови ќе бидат објавени на Рес публика и споделени со партнерските медиуми и организации. Текстовите кои ќе ги задоволат условите за објава на Рес публика, ќе бидат објавени во посебно онлајн списание наменето само за овој натпревар.

НАПОМЕНА: ИКС го задржува правото да го смени терминот или начинот на учество на меѓународната конференција, во случај на непредвидени околности предизвикани од КОВИД-19. Победникот на натпреварот мора да се придржува до пропишаните КОВИД-19 правила и протоколи за влез во земјата организатор на меѓународната конференција.

Контакт

Бојан Георгиевски, Програмски менаџер, [email protected]

Конкурсот се организира во рамки на проектот „Поврзи ги точките: подобрени политики преку граѓанско учество“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

Претходна статијаА1 Green call: Природата повикува, време е за рециклирање стари мобилни телефони и електронски уреди
Следна статијаНови најави за донесување на „ray tracing“ технологијата од AMD кај Exynos чип од Samsung