Фото: Shutterstock.com

Прекинот на достапноста на сервисите од Facebook, како и нивните Instagram и WhatsApp, не помина незабележано, а посебно поради должината на прекинот од повеќе од пет часа. Ова беше можеби и најголемиот досега прекин на сервисите, а проблем се јави и кај Google и Twitter.

Во повеќето земји прекин на достапноста на друштвените мрежи, нивните платформи за комуникација, како и апликации за комуникација, поминува со одредена непријатност. Корисниците ќе мора да поминат неколку часа без можност за проверка на сликите и видеата, како и новостите, а комуникацијата секогаш може да се префрли на некоја друга апликација. Telegram се пофалија дека за време на прекинот 70 милиони корисници се префрлиле на овој сервис, најверојатно повеќето привремено.

Сепак, за некои земји во светот ваквиот прекин не може да се стави само во категоријата на непријатност. Овие земји, во главно во развој, имаат државни сервиси кои зависат од Facebook или WhatsApp, па нивната недостапност повеќе од пет часа претставувал сериозен проблем.

NBCNEWS дава неколку примери на земји за кои прекинот од понеделник има направено сериозни проблеми. Доктори во Индија не можеле да ги координираат дневните планови, како и да им ги испраќаат резултатите на пациентите, нешто што обично го прават преку WhatsApp.

Пример се дава и од приватниот сектор, конкретно мали бизниси од Малезија кои дневната организација и бизнис комуникација ја прават преку сервисите од Facebook. Пет часа и повеќе не е малку време да не има застој на еден бизнис.

Причината поради која Facebook и нивните сервиси се клучни во некои земји е нивната бесплатна достапност и практичност, а посебно што веќе и нема корисници кои немаат некој од овие сервиси. Бизнис апликациите кои се достапни од Microsoft, Google и други, обично се плаќаат, па бизнисите, па и државите од земјите во развој се одлучуваат за бесплатните решенија кои им се и најдостапни на корисниците.

ИЗВОРNBCNEWS
Претходна статијаВилијам Шатнер на 12ти октомври ќе лета до работ на вселената на вториот лет на Blue Origin
Следна статијаGoogle ќе ги претстави Pixel 6 телефоните на 19ти октомври
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.