Google го закажан настанот на кој ќе ги видиме нивните нови Pixel телефони за 19ти октомври. Pixel 6 и Pixel 6 Pro ќе бидат официјално претставени на настан со почеток во 19 часот по македонско време, а ќе може да се следи во живо преку страната на Google.

За разлика од другите телефони, за кои информациите пред претставувањето се од неофицијални извори, Google практикува да прикаже дел од телефоните порано. Затоа веќе го имаме изгледот на телефоните, а секако достапни се и неколку неофицијални информации.

Google исто така најави дека новите Pixel телефони ќе работат на Tensor чипот кој го имаат развиено од компанијата, а овој чип се очекува дека посебно ќе треба да се истакне во областа на машинско учење. Уредите од Google отсекогаш биле познати по овој дел од софтверот, па сега со развојот на сопствен чип се очекува функциите да се однесат на наредно ниво.

XDA Developers ни ги донесе неофицијалните информации кои се поврзани со камерите, кои треба да ги има две кај Pixel 6 и три кај Pixel 6 Pro моделот.

Од настанот очекуваме дека ги видиме телефоните целосно прикажани, заедно со подобра демонстрација на Android 12 верзијата, која секогаш има нешто плус достапно кај Pixel телефоните.

Исто така, ќе видиме што се донесува првиот чип развиен од Google кој ќе се користи како главниот чип во нивните телефони.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаПрекинот на сервисите на Facebook голем проблем за некои земји во светот
Следна статијаФИТР панел дискусија: Социјалното претприемништво во Македонија е во пораст, но потребна е поголема поддршка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.