Познатиот Вилијам Шатнер, кој иако глумеше во повеќе други филмови и серии, но најпознат е по улогата на капетанот Џејмс Т. Кирк во првата Start Trek серија од шеесеттите, ќе биде најстариот човек кој бил во вселената, поточно скоро до вселената.

Вилијам Шатнер, кој оваа година наполни 90 години, ќе лета на вториот лет со луѓе на ракетата New Shepard од Blue Origin на Џеф Безос. Првиот лет на Blue Origin се случи во јули оваа година, пред првиот лет со цивилен екипаж од конкурентот SpaceX. Сепак, Blue Origin не излегува во вселената официјално, а и самиот лет трае прилично кратко, нешто што не е случајот со SpaceX.

Вториот лет со луѓе на Blue Origin е закажан за 12ти октомври и дел од него ќе биде и Одри Пауерс која е потпретседател на SpaceX задолжена за мисиите и оперативата за летовите.

Овој лет, кој исто така ќе биде извршен со New Shepard ракетата, се очекува повторно да биде до работ на вселената, односно некаде на висина од околу 100 километри, а целата мисија се очекува да трае околу 15 минути. Тоа значи дека ракетата доаѓа до висината и веднаш се враќа назад на Земјата.

ИЗВОРBlue Origin
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаАЕТМ: Растот во е-трговијата продолжува, 61% пораст на вредноста на онлајн трансакциите, 202 нови е-продавници во првите шест месеци од годината
Следна статијаПрекинот на сервисите на Facebook голем проблем за некои земји во светот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.