Првиот лет во орбитата на Земјата составен целосно од цивилен екипаж успешно заврши изминатиот викенд. Мисијата беше најавена и извршена од страна на SpaceX и истата се изведе како што беше планирано во септември оваа година.

Дел од целосно цивилниот екипаж беа четири лица, односно милијардерот Џеред Ајзакман, Хејли Арсено, Крис Семброски и Шон Проктор. Овие четири лица не беа придружувани од астронаут, а летот во главно беше изведен автономно со Crew Dragon капсулата и Falcon 9 ракетата од SpaceX.

За разлика од летот на познатиот Ричард Брансон и неговата Virgin Galactic кој беше скоро до работ на вселената и траеше само неколку минути, SpaceX ги однесе своите патници многу повисоко и подолго. Inspiration4 достигна висина од 575 километри, што е повисоко од Меѓународната Вселенска Станица, како и Хабл телескопот, а целата мисија траеше околу три дена.

Мисијата на Inspiration4 беше составена од две цели. Едната беше да се соберат 200 милиони долари за болницата за деца Св. Џуд, а втората да се истражи влијанието на „бестежинската“ состојба брз човековото тело. За оваа цел во текот на трите дена патниците имаат направено повеќе тестови.

Покрај тестовите, екипажот во текот на мисијата има направено повеќе активности, како разговор со своите пријатели и семејство, разговор со познати личности, спортско обложување и слично.

CrewDragon капсулата за овој лет била посебно прилагодена, па во делот каде обично е поставен простор за товар и истовар, сега била поставена проѕирна купола со што на патниците им бил овозможен уникатен поглед на Земјата и вселената.

Враќањето на Земјата траело околу 7 минути почнувајќи со насочување на капсулата назад кон атмосферата. По забавувањето со помош на два падобранци, подоцна се отвораат четири кои дополнително го имаат забавено падот во океанот од каде капсулата со патниците е пренесена на брод.

Според информациите сите патници имаат поминато без проблеми или некакви последици, иако како за цивили ова може да се каже дека беше доста долга мисија.

Враќањето на Inspiration4 назад на земјата можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРSpaceX
Претходна статијаAпаратите за домаќинство во домот се одраз на нашиот стил
Следна статијаЗапочнаа подготовките за 9. издание на студентската конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2021
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.