Оваа година за првпат во вселената, поточно во орбитата на Земјата, ќе бидат лансирани луѓе кои не се астронаути, односно се цивили. Лансирањето ќе биде изведено со Falcon 9 ракетата од SpaceX, а луѓето ќе бидат во исто така од SpaceX капсулата Crew Dragon.

Мисијата ќе биде водена од страна на Џеред Ајзакман, милијардер и основач на компанијата Shift4 Payments. Оваа компанија исто така го финансира летањето во орбитата, а прибирањето на средствата беше направено со цел да се помогне на детската болница Св. Џуд.

Покрај Ајзакман, вториот веќе одреден член на екипажот е и Хејли Арсено, сега асистент во болницата, а порано нејзин пациент. Хејли ќе биде и најмладиот човек кој патува во орбитата, како и првиот човек кој тоа го прави со протетички дел од телото.

Овие два членови беа познати и за време на најавата на мисијата која треба да се оствари до крајот на годината. Изборот на двата дополнителни членови беше најавено дека ќе се направи од луѓето кои придонесуваат, односно помагаат во собирањето на средствата за помош на болницата, како и преку Shift4 Payments компанијата.

Двата дополнителни членови, исто така цивили, беа избрани оваа недела, па сега официјално го имаме првиот целосно цивилен екипаж кој ќе лета во вселената.

Двата нови членови се Крис Семброски, ветеран на Air Force, моментално вработен во Lockheed Martin, како и Др. Сијан Проктор, претприемач, едукатор и пилот.

Со ова се комплетира екипажот за мисијата која се најавува за до крајот на годината, а има најави дека може да се случи и до крајот на септември.

Инаку, летото е замислено да биде направен на висина нешто поголема од таа на Меѓународната Вселенска Станица, а би требало да трае неколку денови.

ИЗВОРThe New York Times
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаA1 Македонија ја најавува третата годишна конференција “Women in Digital 2021”
Следна статијаЗапочна продажбата на TWS слушалките Huawei FreeBuds 4i со активно намалување на бучавата и до 10 часа музика во движење
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.