Фото: Shutterstock.com

Познатата PayPal според засега неофицијални информации е во разговори за купување на Pinterest. Оваа информација ја објави The New York Times од каде истакнуваат дека сумата која се преговара изнесува 45 милијарди долари. Ова би била најголемата сума платена за една компанија од оваа област во последните десет години и ја надминува сумата која Microsoft ја плати за LinkedIn од 26 милијарди долари.

Вредноста на акцијата на Pinterest по која PayPal би ја купил компанијата е 25% повисока од вредноста која акцијата ја достигнува изминатите денови на берзата.

Од двете компании уште одбиваат да дадат било каков коментар, што значи дека оваа информација не може да биде потврдена, иако обично кога познат медиум ќе најави нешто вакво, излегува како точно.

Pinterest е друштвена мрежа која целосно се разликува од другите, па дури може да се каже дека не претставува конкуренција, барем не директна. Мрежата функционира на основа на слики од одредени интереси, односно идеи за дизајн, уредување на домот и слично. Покрај рекламирањето, Pinterest заработува и преку овозможува на директно купување на производи преку страната.

На почетокот од годината излезе информацијата дека Microsoft биле заинтересирани да ја купат оваа компанија, но подоцна ништо не се случи, па се верува дека преговори навистина имало, но тие не продолжиле понатаму.

PayPal како компанија досега во главно купуваа компании кои се директно поврзани со нивниот бизнис, па купувањето на Pinterest би претставувало поголемо проширување на областа во која работи оваа компанија.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаНајави дека Facebook наскоро ќе го промени името на компанијата
Следна статијаИновативните алатки за потранспарентни општини во конкуренција за највлијателна заложба во Европа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.