Новиот паметен телефон од HUAWEI – nova 9 – е комбинација на уникатна естетика, ултра лесен дизајн, силна камера и моќни перформанси што го прави совршен асистент за секојдневниот живот за современите корисници со зафатен начин на живот.  По повод претставувањето на новиот смартфон, HUAWEI покани на соработка група извонредни личности кои ја претставуваат ДНК-та на nova 9 – тие се динамични, стилски и независни.

Што се однесува до модерното темпо на живеење, HUAWEI создаде паметен телефон на кој можете да се потпрете во секој момент од денот и ноќта.  Благодарение на алгоритмот за осветлување на ноќните снимки со супер слаба осветленост, Super Sensing фотографијата од 50 MP RYYB, функциите за екстремно ноќно фотографирање и ноќно селфи видео, nova ви овозможува да снимате одлични моменти во текот на ноќта и да останете динамични во текот на целиот ден.  Бидејќи смартфонот секогаш го носите со вас, важно е неговиот дизајн да одговара на вашиот стил. HUAWEI nova со својот ултра тенок, ултра лесен дизајн, во две варијанти на бои – Ѕвездена сина и црна – е стилски, елегантен додаток кој ќе одговара на секоја облека и ќе го нагласи вашиот стил.

За да биде во тек со вашето темпо на живот, HUAWEI nova 9 има батерија со висок капацитет од 4300 mAh со 66W HUAWEI SuperCharge, кое овозможува целосно полнење за само 38 минути. Можете да останете независни бидејќи слабата батерија повеќе нема да ве принудува да ги менувате вашите планови. Покрај тоа, Huawei nova обезбедува брзи, мазни и моќни перформанси, како и одлични кориснички искуства, како во секојдневните задачи, така и во текот на забавата, благодарение на Snapdragon 778G 4G мобилната платформа, надополнета со напредното решение за ладење на Huawei и технологијата за вештачка интелигенција.

Динамичен, стилски, независен, со високи перформанси – главните функции на новиот паметен телефон се рефлектираат во карактеристиките на моќните поединци кои HUAWEI ги покани на соработка.  Запознајте го тимот на nova!

Роберт Левандовски светски познат полски фудбалер

Роберт Левандовски, еден од најдобрите фудбалери во светот, е амбасадор на Huawei во Полска од 2015 година, а од 2020 година – за цела Европа. Присутен е во најважните производни кампањи на брендот, а ја поддржува и nova 9 кампањата за паметни телефони.

Nova 9 е паметен телефон за динамични луѓе кои го ценат убавиот дизајн и висококвалитетната камера, благодарение на која можете да правите одлични фотографии и видеа и ноќе.  Многу е важно и брзото полнење на батеријата, што го прави најновиот смартфон na Huawei сигурен асистент дури и за најпребирливите корисници – изјави Роберт Левандовски.

Михаела Филева – пејачка, текстописец и танчерка, таа е една од најуспешните бугарски уметници во последната деценија

Михаела е популарна бугарска поп пејачка, композитор и текстописец и поранешен член на жирито на „Гласот на Бугарија“.  Таа е петкратна добитничка на наградата „Пејачка на годината“ во Бугарија и двојна добитничка на наградата „Жена на годината“, категорија Музика, која моментно е номинирана и за изданието за 2021 година.

Михаела сака да ги споделува најскапоцените моменти од нејзиниот динамичен и живописен живот со своите фанови. Таа е позитивна, креативна и полна со живот – работи напорно и не застанува ниту дење ниту ноќе. Затоа Михаела е совршен приказ на вредностите на nova.

Рамона Кис – позната унгарска актерка

Рамона е актерка, тркач на шоу и водителка од Унгарија. Таа одигра главна улога во најпопуларната сапунска опера во Унгарија и се појави во многу ТВ програми, вклучувајќи ги „Танц со ѕвездите“ и „Икс-фактор“. Во моментов е презентер на најдобриот ТВ-комерцијален канал во земјата.

Со оглед на тоа што е активна и зафатена, иако секогаш изгледа стилски, на Рамона и треба телефон како nova – со долготрајна батерија и функции за фотографирање во ноќен режим, на кои секогаш може да смета за одлични фотографии и видеа.

Ника Зорјан – популарна словенечка пејачка

Ника е позната пејакач и текстописец.  Таа ја започна својата кариера во 2010 година и оттогаш останува на врвот. Нејзините песни редовно се пуштаат на радио, но таа е и успешен јутјубер и инфлуенсер. Два пати двапати настапи на Евровизија како придружен вокал.

Ника е стилска и активна, исто така и на социјалните мрежи, каде што го споделува својот живот со своите следбеници. Како инфлуенсер, таа ги цени карактеристиките како камера од врвна класа и непрекинато задно и предно снимање што и помагаат во нејзината секојдневна работа. Таа има одлично чувство за стил и внимава на модните додатоци, па стилскиот телефон е одличен додаток на нејзиниот изглед.

Леа Станковиќ – позната српска инфлуенсерка

Леа Станковиќ е една од најпознатите лајфстајл инфлуенсерки од Европа.  Таа собра повеќе од милион обожаватели преку нејзините платформи на социјалните мрежи. Освен што е инфлуенсер, Леа е и студентка на Меѓународната модна академија во Париз.

Nova е токму она што ѝ треба на Леа како инфлуенсер и студент по мода. Работи многу, многу се фотографира и внимава на својот стил.  Таа е независна и има потреба од паметен телефон што ќе биде во чекор со нејзиниот зафатен начин на живот и ќе ја поддржи во реализацијата на нејзините амбициозни планови за кариера

Лидија Бабл – популарна романска пејачка

Лидија е една од најпопуларните пејачки и јавни личности во Романија. Покрај тоа што пее, таа настапува и во ТВ емисии, активно ги води своите канали на социјалните мрежи и ја негува посебната врска што ја има со своите следбеници – успеа да собере повеќе од 2 милиони од нив.

Без разлика дали се работи за музика, телевизија или онлајн проекти, Лидија на социјалните мрежи ги објавува најубавите содржини што ги креира. Таа сака да експериментира со специјалните функции на Nova за фотографии и видеа кои и овозможуваат да ја покаже својата покреативна страна.

Врската на Лидија со HUAWEI не е нова, бидејќи таа веќе учествуваше во некои минати кампањи и е страсна во однос на технологијата. Таа често ја изразува својата приврзаност кон HUAWEI на јавни настапи, па затоа e пророден избор да биде претставник на nova. Лидија совршено го отсликува она за што се залага nова – таа е динамична, стилска и независна.

Ела Дворник – хрватска блогерка

Ела Дворник е лајфстајл блогерка.  Во 2016 година, според UK Blog Awards, нејзиниот блог влезе меѓу првите три блогови од вкупно три илјади.  Ела е исто така многу популарна на социјалните мрежи и има заедница од повеќе од 1 милион следбеници.

Ела е независна и знае како да се истакне. Таа не се плаши да привлече внимание на важни теми и да го искаже своето мислење за чувствителните работи.  Како активна мајка на 2 деца, таа е секогаш зафатена и има потреба од телефон што ќе биде во чекор со темпото на нејзиниот секојдневен живот.  Ела креира многу фотографии и видеа и е навикната да ги извршува најважните задачи од нејзиниот смартфон, поради што го цени долгиот век на батеријата и функционалноста за брзо полнење.  Ела е позната и по својата силна смисла за мода и не се плаши од смели модни избори, па затоа стилски паметен телефон како Нова ќе биде совршен придружник во нејзините идни модни победи.

Моќниот тим на nova е тука да ве инспирира

HUAWEI nova е извонреден уред, како и неговите претставници. Тие се полни со живот квалитетни изведувачи, кои своето време го поминуваат активно и зафатено, а згора на тоа внимаваат на стилот и модата. Тие ги претставуваат сите вредности за кои се залага Nova.  Nova ги поттикнува луѓето да го живеат својот живот максимално, да останат активни и да снимаат убави моменти, дури и ноќе.

Претходна статијаFacebook го гаси системот за препознавање на лица и ќе ги избрише податоците од системот за повеќе од милијарда корисници
Следна статијаЗомбија танцуваат на еден од италијанските летови на Wizz Air

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.