Скопје, 02 Ноември 2021: Дали некогаш сте помислиле дека зомбија ќе се појават во авион? На летовите на Wizz Air Милано-Катанија и Катанија-Миланo се случи незамисливото вечерта на 31 октомври: зомби танцуваа на ноќниот лет на авиокомпанијата за Ноќта на вештерките.

“Беше неверојатно искуство, никогаш не очекувавме такво нешто, беше навистина страшно!”

“Никогаш не сум бил сведок на такво нешто, се уште сум возбуден, навистина уникатно шоу!”

“Знам дека Wizz Air е многу кул компанија, но никогаш не очекував нешто толку лудо, тие се фантастични!”

Ова се само дел од коментарите на патниците, кои го споделија ова неверојатно искуство на нивните канали на социјалните мрежи.

Љубопитноста, помешана со зачуденост, се вртеше меѓу сè повозбудените патници кога почна да свири плашлива музика, а хиперреалистично маскираните „прикриени“ танчери станаа и почнаа да танцуваат во ходникот на авионот. Бидејќи никој не виде како зомби се качуваат во авионот, патниците кои ја снимаа изведбата со своите мобилни телефони беа маѓепсани, децата беа возбудени додека навистина застрашувачките фигури танцуваа токму пред нив. Многу патници се погрижија да направат селфи со зомбите. Wizz Air ги охрабрува сите патници кои биле дел од ова искуство кое се случува еднаш во животот, да ги споделат своите видеа и фотографии на нивните канали на социјалните медиуми користејќи го хаштагот #wizzhalloween

На крајот на шоуто, зомбите им поделија слатки на сите патници, во согласност со традицијата на Ноќта на вештерките, предизвикувајќи повеќе насмевки на лицата на големиот број деца на летот.

Претходна статијаHUAWEI nova 9 е претставен од група инспиративни поединци
Следна статијаHUAWEI CONNECT 2021: Иновација без престан за побрза дигитализација