Smart-nedelnik-image

Изминатата недела може да се каже дека беше недела во која што можевме да прочитаме за неколку компаниски новости, односно на промени кои што не се однесуваат директно за одреден производ.

Па така, Nokia официјално заврши со продажбата на HERE делот од компанијата кој што беше задолжен за развојот на популарниот сервис за мапи. HERE продолжува со работа под капата на групацијата од компании производители на автомобили составена од AUDI AG, BMW Group и Daimler AG.

Новата компанија, која што вклучува дури 6.500 вработени, ќе продолжи активно да работи на развојот на мапите, со посебен акцент за самоуправувачките автомобили, а ќе додаде и нови извори за зголемување на точноста на мапите.

Verily_logo

По основањето на Alphabet, Google најави дека сите бизниси кои што не се поврзани со основниот на компанијата, ќе почнат да функционираат како посебни компании во новоформираниот холдинг.

Веќе гледаме како некои од деловите од Google прераснуваат во посебни компании, а со тоа добиваат и нови имиња. Така, Google Life Science, делот од компанијата кој што работи на развој на медицински уреди, сега како посебна компанија ќе се вика Verily Life Science. Инаку овој дел од компанијата стана најмногу познат по леќите наменети за дијабетичарите кои што го следат нивото на гликоза во крвта.

Yahoo!_logo

После долго разгледување на можните стратегии, односно и една недела откако излезе информацијата во јавноста, одборот на Yahoo донесе одлука како понатаму со компанијата која што сепак не успева да ги постигне своите цели.

Поради можноста да треба да се плати голема сума во даноци, компанијата наместо да го издвои делот од компанијата со акциите во Alibaba, ќе издвои се во посебна компанија освен тој дел. Тоа значи дека главниот бизнис на Yahoo, тој по кој што е позната компанијата на повеќето корисници, ќе биде издвоен во посебна компанија, а шансите се дека тој дел ќе биде и продаден.

Останатите новости од изминатата недела се исто така интересни и вреди да се прочитаат, па дури и вторпат. Тие кои што ги издвоивме како најважни се следните:

Претходна статијаGoogle Safe Browsing достапен на Android – Chrome е првата апликација која што ќе го користи
Следна статијаZTE спрема телевизор во кој ќе може да го ставите вашиот смартфон