Денес Samsung го одржува нивниот летен Galaxy Unpacked настан

Настанот оваа година се одржува во Њујорк, а може да се следи во живо со почеток во 16:00 часот по македонско време

Со почеток во 16:00 часот, Samsung денес ќе ја претстави наредната генерација од нивните два уреди на преклоп, Galaxy Z Fold и Galaxy Z Flip, а тука се и новите генерации од нивните паметни часовници, како и слушалки.

Како што би се очекувало, голем дел од вниманието ќе биде насочено кон функциите со вештачка интелигенција, но верувам дека Samsung ќе има што да понуди и од аспект на новини поврзани со хардверот и дизајнот.

Преносот започнува за кратко, а можете да го гледате преку YouTube, на почетокот од статијата.

Претходна статијаВидео од макета од iPhone Air досега најдобро го прикажува можниот изглед на овој уред
Следна статијаНовиот Galaxy Z Fold7: Подигнување на стандардите за смартфони
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.