Brave како компанија се познати по нивниот прелистувач кој важи за еден од најмногу приватните. Brave прелистувачот овој углед го постигнува преку повеќе функции за блокирање на интернет “тракерите”, но и преку минимално собирање на податоци за своите корисници.

Од компанијата најавија дека планираат да го прошират овој нивни стил на работа и на пазарот на интернет пребарувачи и со тоа да им понудат на корисниците алтернатива која не ги следи.

Brave Search во бета верзија стана достапен во март, но само за ограничен број на корисници.

Сега, иако уште во бета верзија, Brave Search е достапен за сите корисници, вграден во Brave прелистувачот, но и за сите останати преку https://search.brave.com/.

На прв поглед Brave Search изгледа како и секој друг пребарувач, а тоа секако е очекувано. Тоа што го издвојува од останатите е ставањето на значење на приватноста на корисниците со тоа што не се зачувуваат информации за нив, не се креираат профили и слично.

Голема помош во тоа е фактот што Brave користи сопствено индексирање за прикажување на резултатите, наместо тоа да го прави од веќе постојните пребарувачи.

За таа цел Brave оваа година го купи отворениот “search engine” Tailcat, а тие исто така ја задржуваат неговата отвореност, па други можат да го користат новиот Brave Search за нивни пребарувачи.

Додека сопствениот идекс не биде целосно изграден, Brave може да користи резултати од Microsoft Bing, на пример за прикажување на слики, а приватноста на корисниците секако ќе биде задржана. Од компанијата истакнуваат дека корисниците можат да видат од каде точно доаѓаат нивните резултати.

Brave веќе се познати по својот начин на работа, па сигурно нивниот Search ќе привлече доста корисници, а останува само да се види неговата корисност, односно релевантноста на прикажаните резултати.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Brave
Претходна статијаНеофицијални слики ги прикажуваат Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3
Следна статијаChina Mobile Zhejiang и Huawei ко-наградени за „Најдобар иновативен комерцијален случај во 5G автоматизација 2021“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.