Компанијата која е позната по својот Brave прелистувач го проширува својот бизнис на пазарот на интернет пребарувачи. Тие ќе се обидат да му конкурираат на Google со нивни пребарувач кој ќе функционира на принципите кои конкретно ќе го направат различен од тој на Google.

Главната карактеристика на Brave прелистувачот е дека е приватен, не ги следи своите корисници, а овозможува и одлични функции за блокирање на тракерите од сите видови. Од компанијата дури имаат и посебен систем за прикажување на реклами без следење на корисниците, систем кои им дава поени на тие кои ќе се сложат да гледаат реклами, поени кои можат да ги искористат да ги наградат страните кои ги посетуваат.

Истите овие принципи сега од компанијата ги пренесуваат и во Brave Search кој треба да стане достапен некаде во периодот од оваа пролет до летото.

Brave не ја развива технологијата за пребарување од почеток, односно Brave Search е само преименуван Tailcat пребарувачот од Германија кој престана да функционира минатата година. Главната карактеристика на Tailcat е приватноста на корисниците, поради што од Brave се одлучуваат да работат на основа на овој пребарувач.

Од Brave најавуваат дека за добивање на што повеќе релевантни резултати без следење на корисниците, ќе се користат придонесите од заедницата врз основа на што ќе се подобруваат резултатите.

Според најавите Brave Search ќе има бесплатна верзија која ќе прикажува реклами, како и платена за тие кои не сакаат да им бидат прикажувани реклами.

Мали се шансите било кој да успее да му конкурира на Google сериозно, дури и Microsoft со Bing се на второ место, но со пазарен удел помал од 5%. Другите алтернативи во главно ги користат технологиите од Bing и Google.

Како и да е, добро е што излегува конкуренција, а огромниот број на корисници на Brave прелистувачот сигурно ќе станат и корисници на Brave Search со што уште од почеток овој сервис ќе има добра основа.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаТретиот обид на Starship од SpaceX се покажа како успешен за слетување на леталото
Следна статијаNetflix Fast Laughs се кратки исечоци од филмовите и сериите во форма слична на Stories
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.