SpaceX

SpaceX вчера го направи својот трет обид да направи успешно слетување од нивниот уште во развој Starship. Првите два обиди не беа успешни, а леталото експлодираше при обидите да слета, поради преголема брзина на слетување, како и неприлагоденост на аголот.

SN10, односно третото Starship летало, овој пат успешно слета, но сепак SpaceX нема да може повторно да го искористи поради тоа што леталото експлодира 10 минути по слетувањето. Според информациите, причина за експлозијата е протекување на метан на којшто работат трите ракети кои се дел од Starship.

Сепак ова може да се смета како успешен обид поради тоа што конечно слетувањето се прилагоди доволно за да може да се изврши, а остануваат уште тест летови додека се усоврши целосниот процес. Реално е да се очекува дека успешните обиди ќе бидат дури после повеќе пати, а ист беше и случајот со Falcon 9 ракетата која сега се користи и за испраќање на луѓе во орбитата на Земјата.

Инаку, SN10 леталото достигна до 10 километри висина, по што ги исклучи моторите и почна со слободен пад. По одредено време моторите повторно се вклучуваат и леталото се насочува во позиција да може да слета на платформата од каде што полета.

Како што може да се види на видеото во продолжение, слетувањето беше скоро перфектно, иако позицијата на SN10 не беше целосно исправена.

SpaceX планира да продолжи со овие тестирања, а наредната цел е да се стигне до орбитата, наместо само до околу 10 километри.

ИЗВОРMIT Technology Review
ИЗВОР 2Cnet
Претходна статијаСтанете виртуелен ренџер и учествувајте во зачувување на загрозени животински видови во африканската савана
Следна статијаBrave Search ќе понуди алтернатива на Google Search со акцент на приватноста
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.