Не е првпат да читаме за тоа дека Google планира да претстави Pixel уред со екран кој се превиткува, но овој пат може да се каже дека изворот е посигурен. Поточно, 9to5Google во кодот на Google Camera апликацијата имаат забележано код според кој може да се заклучи дека Pixel уредот може да се очекува идната година.

Не е првпат да преку кодот на Google Camera се дојде до информација за претставување на уреди од компанијата, па со оглед дека тие се покажале како точни и овој пат се смета како скоро сигурна информација.

„isPixel2022Foldable“ е кодот кој е дел од Google Camera апликацијата од кој јасно се гледа дека може да се очекува Pixel уред кој се превиткува и тоа во 2022 година.

Идната година ќе стане достапна и 12L верзијата од Android која Google ја претстави минатата недела. Со оваа верзија од компанијата конечно повторно го враќаат вниманието кон Android таблет компјутерите, како и уредите кои се преклопуваат кои во основа се мали таблет компјутери кога се отворени.

Се очекува дека исто како што беше случајот со Android 12 и Pixel 6 уредите, Google ќе ја пушти официјалната верзија од Android 12L и нивниот прв уред со екран кој се превиткува.

Периодот од идната година кога се очекува да се случи ова е на почеток од пролетта, но останува во периодот што следи да ги видиме и дополнителните неофицијални информации, како и информациите од Google ако ја задржи нивната практика со Pixel 6.

Од кодот исто така е откриено дека овој Pixel уред нема да дојде со новите камери од Pixel 6, туку со 12 мегапикселната камера од претходните модели, што не изненадува.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2ArsTechnica
Претходна статијаСајбер безбедноста е приоритет во дигиталната инфраструктура, велат експертите за инвестиции
Следна статијаФИТР: Првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра ќе овозможи рапиден раст и развој на македонските иновативни компании
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.