d2e2f9ff1922dac3a6b24c01a930aa40_original

Големите „ѕверки“ кои се основачи на мултимилијардерски компании како Google и Apple работат многу напорно за да ги заработат тие милијарди, и кога ќе се вратат дома сакаат да се истушираат на раат. Па зошто тогаш да не вложат во компанија која ветува дека ќе го направи туширањето подобро и поефикасно?

Токму така размислуваат и Тим Кук (главниот директор на Apple) и Ерик Шмит (еден од основачите на Google и главен член на одборот на директори на Alphabet). Тие вложија (непознат) дел од своите приватни средства во американската млада компанија Nebia која има концепт за подобри глави за тушеви.

26b66e06738011bed27523da54e1dd04_original

Имено, се работи за туш-глава која ја претвора водата во микрокапки, место да ја пушта во големи капки како повеќето сегашни што прават. Микрокапките, кои се меѓу обични капки и водена прашина, многу подобро се распоредуваат на кожата и ја наквасуваат и мијат него обичните капки. Тоа значи дека самото чувство е подобро преку микрокапки, а воедно може да се скрати на потрошувачка на вода, и тоа до дури 70%!

Nebia во исто време има започнато и Kickstarter кампања, каде го надмина минимумот потребен за да започне со производство на овие туш-глави. Со уплаќање на 299 долари можете да си нарачате и ваш Nebia туш, и вие да бидете еден од вложувачите заедно со Тим Кук и Ерик Шмит. Цената е навистина „солена“, но предпоставуваме дека нема да помине долго време пред некој конкурент на Nebia да развие сличен туш со пониска цена.

Извор: Mashable, Business Insider

Претходна статијаVW создаде автоматизирана бебешка количка
Следна статијаWindows 10 инсталиран на преку 50 милиони уреди