robostroller

Кои од читателите на СмартПортал се родители? (некои креваат рака) ОК, кој од тие што се родители си ја помислиле ситуацијата каде бебешката количка случајно им се испушта од рака и почнува сама да вози кон улицата каде демне опасност? (сите родители креваат рака)

Ова е веројатно еден од најчестите стравови кои ги доживуваат родителите, особено ако испуштањето на количката е по нивна вина или невнимание. За адресирање на овој страв од Volkswagen создадоа бебешка количка која може автоматски да застане ако се испушти од ваша контрола. Сите ќе се согласиме дека ова е одлична идеја од нивна страна. Сепак, ова е само (полагодната) половина од нивниот концепт.

Втората половина е што оваа количка може да се активира и самата да вози, па да ве следи вас каде и да одите. На пример, можете да ја испрограмирате да ве следи на далечина од 3 метра дур трчате низ паркот, и таа весело и среќно ќе си вози, одржувајќи го истото растојание постојано. Секако, се поставува прашање дали ќе почне да бега од вас ако се свртите и сакате да ја земете вие контролата врз неа.

Според VW ваквата координација е постигната со позајмување на прилагодлив сензор за возење кои тие го употребуваат во нивните возила, нормално, искомбиниран со сензори кои имаат задача да откријат и помали објекти како луѓе, камења, дрва и слично.

Засега не сме сигурни дали е се` уште безбедно да се остави шетањето на бебето на роботизирана количка, но веројатно е дека таков момент ќе дојде некогаш во иднината. Само се надеваме дека нема одеднаш истата да реши да го киднапира детето и да бара откуп…

Извор: PopSci, Huffington Post, Autoblog

Претходна статијаRS-25 – Ferrari на ракетните мотори
Следна статијаЕве го тушот во кој вложиjа Тим Кук и Ерик Шмит