rs-25-engine-running-970-80

Ако мислевте дека истражувањето и напредокот во ракетната технологија се завршени, нема да бидете во право. Имено, NASA само што го демонстрираше функционирањето на RS-25, ракетен мотор кој доаѓа од Спејс шатловите и кој ветува многу во сферите на ефикасност, моќ и иднина на ракетната технологија за вселенски летови.

Инаку, како што напоменавме, RS-25 доаѓа од моторите на Спејс шатловите, односно, е прилагоден и изменет согласно некои други потреби кои ќе го направат погоден за лансирање ракети, а не шатлови. NASA го тестираше овој мотор на А-1 тест местото во Стeнис во работа од 500 секунди, при кои истиот е ладен и одржуван на ниска температура и покрај пламените јазици кои излегуваат од него. Снимката од тестот можете да ја видите на видеото подолу:

Идејата е RS-25 да биде сместен во идните ракети кои ќе треба да ја освојуваат Месечината и Марс. Според Стив Вафорд, управителот на делот за ракети на течно гориво при NASA, „Ние направивме измени на RS-25 за да ги достигне спецификациите на СВЛ (Системот за вселенско лансирање;  заб.) и ќе анализираме и тестираме повеќе услови при сериите на тестирање при работа (hot fire series; ориг.). … Моторите за СВЛ ќе сретнат пониски температури од шатловите поради ладење со течен кислород; поголем влезен притисок …; и поголемо загревање …“.

Инаку, моторот е толку моќен што самите инженери на NASA го нарекуваат „Ferrari на ракетните мотори“, сметајќи го за најмоќниот, а веројатно и еден од најефикасните ракетни мотори на денешницата.

На следното видео можете да ја чуете репортажата на NASA во врска со RS-25 и што тој може да представува за идните вселенски мисии:

Извор: TechRadar, NASA

Претходна статијаXiaomi Redmi Note 2 има 5,5 инчен Full HD екран, процесор со 8 јадра и цена од 125 долари!
Следна статијаVW создаде автоматизирана бебешка количка