xiaomi-redmi-note-2

Најголемиот кинески производител на паметни телефони, во очи на лансирањето на новиот Galaxy Note 5, го лансираше својот таблет – телефон, кој има извонредни спецификации и цена на која може да позавидат и Android уредите од најниската класа.

Навистина, за 125 долари (140 долари за моделот со 32 GB простор, 160 долари за модел со помоќен 2.2 GHz процесор), колку што чини Xiaomi Redmi Note 2 онлајн, добивате многу солиден паметен телефон. Дисплејот има големина од 5,5 инчи и Full HD резолуција, која навистина, не е толку висока како најскапите конкуренти, но за тоа колку чини, ова е дури и позитивно изненадување. И не дека некој ќе ја забележи разликата во острината во однос на дисплеите со 1440p резолуција.

redmi-note-2 copy

Во внатрешноста бие процесорот на MediaTek со дури осум јадра со максимум 2.0 GHz (2.2 GHz во Prime верзијата), Helio X10, кој некои производители, како HTC, го користат во своите најдобри телефони. За мазни перформанси при користење повеќе апликации, процесорот ќе го придружуваат 2 GB рам меморија, додека достапни се верзии со 16 и 32 GB простор за складирање податоци, со можност за проширување преку micro SD картичка.

Камерите, барем на хартија, се исто така извонредни – задната има 13 мегапиксели и леќа со брза бленда од f/2.2, додека предната има 5 мегапиксели со f/2.0. Задната камера дури има и специјален “phase detect” автофокусен систем, ист каков што користат професионалните фотоапарати, а кој ветува исклучително високи брзини на фокусирање. Батеријата има солидни 3060 mAh и може да се отстрани, што значи дека секогаш можете да носите уште една резервна батерија.

miui_7_screenshots

Xiaomi Redmi Note 2 ќе доаѓа со Android Lollipop и вграден MIUI 7 скин од Xiaomi, кој се повеќе и повеќе добива на популарност, а поради брзите перформанси и минималистичкиот дизајн. И како и секој кинески телефон и овој има простор за две sim картички и тоа со 4G брзина.

Извор: Engadget, ZDNet

Претходна статијаЕве како да направите чиста инсталација на Windows 10 и да останете активирани
Следна статијаRS-25 – Ferrari на ракетните мотори