Најновиот оперативен систем на Microsoft, уште во првите нецели три недели од своето лансирање, доживува неверојатен раст на пазарот, веќе надминувајќи го OS X на Apple. Бројката се очекува да продолжи да расте по нагорна линија и во наредните неколку месеци.
Според информациите од StatCounter, досега се инсталирани 53 милиони копии на Windows 10 на компјутерите и лаптопите низ светот, со што новиот оперативен систем веќе зазема 4,95% од пазарот.
За споредба, на крајот од Јули, Windows 8.1 имаше 13.09%, постигнати за повеќе од три години на пазарот, што е многу помал раст во однос на 10-ката, кој во почетокот имаше дури 1500 инсталации на секоја секунда.
Бројката се очекува да порасне откако компјутерите со вграден Windows 10 ќе почнат да се продаваат во продавниците низ светот (засега се уште доминираат оние со 8.1), но особено по лансирањето на Windows 10 Mobile за мобилните телефони и Windows 10 for Xbox.
Ваквиот раст се должи пред се на тоа што Microsoft го дава Windows 10 како бесплатна надргадба за сите корисници на Windows 7 и 8.1, но исто така и поради враќањето на старт менито и многу други подобрувања кои го покачуваат користењето на нашите компјутери на повисоко ниво.
Ние веќе го покривме Windows 10 неколку пати и сите што имаат прашања за тоа како да инсталираат и дали да инсталираат, можат да ги посетат следниве линкови:
• Се за Windows 10
• Како да направите чиста инсталација и да останете активирани
• Како да се вратите на Windows 7 или 8.1
Секако сите оние кои имаат дополнителни прашања за Windows 10, можат да ги постават во коментарите подолу.
Извор: Windows Central, Neowin