Blue_Origin_BE-3_Acceptance_Test

На веќе не толку малата бројка на компании кои што во иднина сакаат да нудат вселенски летови за обичните луѓе, се приклучува и компанијата во сопственост на Џеф Безос, директорот на Amazon, Blue Origin. Оваа компанија сега е дел од друштвото на познатите SpaceX на Елон Маск, Virgin Galactic на Риџард Брансон и уште неколку други компании.

За почеток леталото на Blue Origin ќе лета до висина од 100 километри, што се смета за суб-орбитална висина. Ќе вклучува простор за тројца патници, а може да се користи и за пренесување на товар во орбитата каде што се наоѓаат сателитите и вселенските станици.

Она што е важно овој период е што од компанијата привршуваат со тестирањето на рекетниот мотор кој што го развиваат. Наречен BE-3, моторот работи на гориво од течен водород и според компанијата е еден од најефикасните од ваков вид.

Компанијата исто така во соработка со Lockheed Martin Corp и Boeing работи на развојот на наредната генерација од нивниот мотор наречен BE-4. Овој мотор се очекува да почне да се користи во наредната деценија, а ќе работи на гориво од течен природен гас и течен кислород.

Моторот кој што моментално се тестира ќе се користи на леталото наречено New Shepard. Ова летало ќе направи повеќе тест летови без луѓе пред да биде означено како сигурно за човечки екипаж.

Леталото исто така е наменето да биде користено повеќе пати, односно работи на системот на вертикално полетување и вертикално слетување, со што се овозможува негова повеќекратна употреба.

Извор: Blue Origin, VentureBeat, Reuters

Претходна статијаПолска компанија работи на течен панцир, полесен и поефикасен од стандардните
Следна статијаГласини дека Google сака да го купи Twitter ја зголемија вредноста на социјалната мрежа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.