fheavy_product_page1

Falcon Heavy е ракета наменета да носи огромен товар во орбитата на Земјата, односно до вселенските станици и на другите потребни места. Развиена е од страна на познатата SpaceX, компанијата на Elon Musk, човекот кој што исто така е сопственик и на Tesla Motors.

SpaceX компанијата има за цел да ги унапреди, но и поевтини вселенските патувања. Во неа се инвестираат големи суми на пари, па може да се очекува развој на ракети и други превозни средства кои што ќе донесат еден вид на револуција во оваа област.

Falcon Heavy е ракета всушност составена од три Falcon 9 ракети, исто така развиени од оваа компанија. Наменета е специјално за носење на екстра тежок и голем товар до орбитата на земјата. Според спецификациите, оваа ракета може да однесе до 53.000 килограми товар што е еквивалент на целосно наполнет и натоварен Boing 747, познатиот и голем патнички авион. Единствена ракета со поголем капацитет била таа која што била направена за првата мисија на Месечината.

Она што е интересно и целта на ракетите од SpaceX, е можноста тие самите да се вратат од орбитата и да слетаат на точно одредените места за тоа. Веќе е направено едно вакво тестирање кое што за жал не помина успешно, поради снемување на гориво во последните моменти од слетувањето. Falcon Heavy треба да ги има првите тест летови и слетувања до крајот на оваа година.

До тогаш достапни се информациите за развојот на ракетата, како и што се е планирано истата да може да го направи. Од SpaceX исто така имаат спремено видео анимација на која што точно е прикажана работата на ракетата, односно нејзиното полетување, издвојување на деловите во орбитата и нивното слетување назад на Земјата. Истото ќе биде посебно направено од трите посебни Falcon 9 ракети, две на почетокот и третата по одделување од делот за товар.

Извор: The Verge, SpaceX

Претходна статијаGoogle Earth Pro достапен бесплатно за сите корисници
Следна статијаWishbone – Дигитален термометар за мобилен телефон кој мери без да го допрете
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.