2c12b6b40a27e699535f6fe0a0cf833a_original

Имате мачка и се шета по дома. Одеднаш од никаде ја зграпчува роботска рака за опашот, а мачката избезумена бега под кревет. Совршена играчка, нели? Запознајте се со 7Bot!

Што е 7Bot? Тоа е Kickstarter проект за роботска рака која може скоро идентично да ги имитира движењата кои ги правите со вашата биолошка рака, но тука не застанува нејзината можност. Раката може да биде испрограмирана да прави се` што ќе ви текне, нормално во границите на можноста која ја пружа структура од неколку „коски“ со „зглобови“.

7Bot е направена од три зглоба кои овозможуваат вртење налик човечка рака, но со повеќе можности бидејќи го надминува човечкиот агол на ротација. Со помош на скенирачка технологија 7Bot „гледа“ и ве следи, а потоа прави како што сте одбрале. Во некои случаи може да ве следи симултано и имитира, во други може да „научи“ и да го реплицира тоа покасно, а во трети може да учи преку својата специјализирана синтетичка интелигенција и да решава проблеми како одбирање меѓу предмети во различна боја или форма.

Со помош на овие опции тимот дури успеал да ја направи да изработува традиционална кинеска калиграфија со помош на дедото на едниот член на тимот. Како што можете да видите на видетото, сите движења се запазени, па 7Bot ја капнува четката во мастилото и потоа црта прекрасни кинески симболи по хартијата.

Инаку, 7Bot може да се контролира и преку Kinect или Motion Leap и тоа суперпрецизно како што се гледа на првото видео, а може и да се програмира во C/C++ преку отворено API. 7Bot ќе чини 350 долари што дури е и евтина цена за ваквите нејзини способности, па поддршката на Kickstarter е повеќе од добредојдена ако ги имате парите.

Одлична шанса да и` вратите на мачката за сите моменти кога се правела важна!

Извор: Engadget, TechTimes

Претходна статијаДвофакторска автентикација преку звук
Следна статијаДомашен сензор за загаденост на воздухот