Delhi Air Pollution Picture from IIT 2012-November
Ви изгледа познато, особено зиме?

Воздушното загадување е сурова реалност која во Македонија убива 1.350 илјади лица годишно (според конзервативни пресметки) и дури над 3 милиони лица годишно, повеќе и од СИДА! Ако претпоставиме дека не’ има 2 милиони луѓе, тоа значи дека од секои 500 луѓе умира по еден од загадување на воздухот.

Чувањето на чист воздух треба да биде приоритет на сите луѓе и државни органи. За жал, изгледа дека државните органи кои ги плаќаме со наши пари за да се грижат за нашето здравје не се толку расположени за таа идеја, а ниту пак оние кои горат гуми и разни други катастрофални горивни материјали се нешто посебно загрижени за нивното скратување на животот за децении.

Главните загадувачи се секако микро партикулатите како PM10 и PM2,5 (според нивната големина во микрометри), но постојат и гасови кои загадуваат. Најчесто немаме начин како да ги измериме овие загадувачи и да знаеме кога е време да се повлечеме на некое побезбедно место, но приватната иницијатива почнува да ги пополнува дупките на државната (која и така никогаш не била ефикасна во задоволување на потребите).

Па така еден научник, Куруш Калантар-заде од Австралија успеал да создаде сензор за азот диоксид кој чини само 1 австралиски долар! Инаку, ваквите детектори најчесто чинат стотици долари и не се премногу ефикасни. Тој се заинтересирал за воздушното загадување откако неговата жена била дијагностицирана со прееклампсија. По посветено време на изучување на состојбата тој нашол дека можно е состојбата да и` била поттикната од допир со азот диоксид.

Тој почнал да истражува за сензори на овој отровен гас, но за жал сензорите биле прескапи и немале способност да распознаат меѓу повеќе слични гасови. Па решил да направи свој. Во тоа му помогнал некој пријател кој му го посочил материјалот калај дисулфид како можен кандидат за заробувач на азот диоксидот.

Тоа испаднало точно па Куруш успеал да направи сензор за овој гас за околу 1 австралиски долар што е далеку пониско од постојните мерачи на пазарот. Тој го пуштил истражувањето и дизајнот за слободно користење за да им помогне на луѓето ширум светот да го следат воздушното загадување и да си помогнат во неговото регулирање.

Браво за Куруш и се надеваме дека наскоро ќе се создадат исто толку евтини PM10 и PM2,5 сензори кои би можеле да ги прикачиме на нашите телефони и да видиме колку тоа некое конкретно министерство или неодговорен комшија не се грижат за нашето здравје.

Извор: Mashable, TreeHugger

Претходна статија7Bot – Роботска рака наменета за аматерите
Следна статијаMotorola Droid Turbo 2 – Телефонот на кој нема да може да му го скршите екранот