Shutterstock.com

Во последната недела од мандатот на Доналд Трамп, односно на 14-ти јануари, Xiaomi стана уште една компанија од Кина која беше означена дека соработува со властите и претставува проблем за безбедноста на САД.

Компанијата беше додадена на листа на „Комунистички кинески воени компании“, со што на американските компании им беше забранета соработката, односно можноста за инвестирање во Xiaomi, а тие што веќе тоа го направиле, ќе мораше да ги продадат своите удели до крајот на годината.

Од Xiaomi тврдеа дека овие обвинувања се целосно неточни, па поднесоа и тужба пред американските судови.

После неколку месеци на одлуки, како и преговори со Министерството за одбрана, оваа недела Окружниот суд на Округот Колумбија официјално ја тргна компанијата од листата на која беше додадена.

Со тоа се тргаат и сите поврзани забрани, па можноста за соработка со компанијата се враќа за сите американски компании.

Тоа што останува непроменето и со промената на власта во САД е односот кон Huawei. Новата власт во земјата не покажува никакви знаци дека може да ја промени политиката кон оваа компанија, па се тргнаа надежите дека со промената на Трамп, ќе се промени и нешто на овој план.

Huawei изгледа ќе се насочи повеќе кон софтвер поради тоа што не може да продолжи да ги користи потребните делови за правење на нивните познати смартфони, а според информациите оваа одлука им ја има соопштено на вработените основачот и директор Рен Женгфеи.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статија„Наредната генерација на Windows“ ќе биде претставена на посебен настан, најави директорот на Microsoft за време на Build 2021
Следна статијаА1 Македонија по повод Меѓународниот ден на детето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.