Фото: Shutterstock.com

Проблемите со кои се соочува Huawei поради ставањето на компанијата на листа на компании кои претставуваат опасност по националната безбедност на САД, не поминаа само привремено како што на почетокот повеќето се надеваат дека ќе биде. Huawei остана на листата, па компанијата веќе трпи загуби поради таа одлука, а исто така тие немаат можност за соработка со најголемите производители на чипови, покрај забраната за користењето на апликациите и сервисите од Google.

Според информации од Reuters, кои имаат дојдено до внатрешен допис од основачот на Huawei, тој на своите вработени им истакнува дека компанијата треба да се насочи кон софтверските решенија како начин да се справат со последиците од блокадата од САД.

Според него, тој пазар е надвор од контролата на САД и поради тоа тие би имале поголема независност и автономија.

Huawei може да се каже дека веќе делумно се имаат насочено кон софтверските решенија поради тоа што мораа да ја прекинат соработката со Google. За недостатокот на апликации и сервиси кој се создаде, од компанијата мораа брзо да одговорат, па сега AppGallery е продавница со огромен избор на апликации, а Huawei понудија и доста алтернативни апликации развиени од нивна страна.

Дали ова ќе биде официјалниот правец во кој ќе оди компанијата ќе видиме во периодот што следи кога од компанијата ќе треба да најават повеќе новини поврзани со нивниот мобилен оперативен систем HarmonyOS.

Според информациите, Рен Женгфеи исто така има истакнато дека кога ќе го освојат пазарот на Европа, Азија и Африка, доколку уште не можат да влезат на американскиот пазар, тогаш САД нема да може да влезе на нивната територија.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаФИТР: УНИБанка – нова банка со која обезбедуваме полесно финансирање за стартапите
Следна статијаЛансиран нов пан-индустриски проект за еко-рејтинг на мобилни телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.