Неофицијални информации и слики има за сите популарни уреди на пазарот, но случајот со Google е посебен. Стандардно стана да од компанијата ги даваат уредите на дел од вработените за тестирање, па тие да бидат забележани некаде или дури и да ги заборават и остават во кафуле, на пример.

Корисник на Reddit објави дека возејќи се во метрото во Њујорк, забележал човек кој имал уред за кој тој тврди дека е непретставениот Google Pixel Fold. Сликите не го откриваат тоа, но човекот тврди дека тој добро го видел телефонот, го препознал по камерите на задната страна, а тој што би требало да е вработен во Google се обидел да го сокрие.

„Јас сум во возот А во Њујорк и успеав да ѕирнам вработен во Google со Pixel Fold. Телефонот е многу убав. Рамките однадвор се супер тенки. Типот прави се што може за да се прикрие. Телефонот е во темно сина, црна боја. Јас сум изненаден колку е тенок телефонот.“ – гласи објавата на Reddit.

Очекувањата се дека Google конечно ќе го претстави Pixel Fold во мај на Google I/O конференцијата која е официјално закажана за 10 мај. Интересно ќе биде да видиме дали Google ќе претстави нешто што ќе направи поголема разлика на пазарот или уред доста сличен со останатите.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаЦените кои Apple ги размислува за iPad Pro моделите со OLED за идната година се претерано повисоки
Следна статијаМожно е враќање на можноста за поставување на „таскбарот“ на горната страна од екранот кај Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.