Google официјално ја закажа нивната конференција за програмерите, познатата Google I/O. Ова е местото од каде што Google ги претставуваат и најавуваат најважните работи поврзани со нивната работа. Оваа година може да се очекува и голем дел поврзан со вештачката интелигенција, поточно јазичните модели кои наеднаш станаа многу популарни и интегрирани во скоро се.

Google го претстави својот конкурент на GPT моделот од OpenAI, кој на големо се користи од страна на Microsoft, наречен Bard, по информации дека директорите на компанијата биле прилично загрижени од појавата на конкуренцијата.

Bard се’ уште не е подготвен за пуштање во јавноста, па додека корисниците „си разговараат“ со новиот Bing, чекаме да видиме што ќе направи Google.

Се разбира, настанот нема да биде во главно насочен кон вештачката интелигенција, па може да очекуваме најави поврзани со другите делови од Search, а тука се секако и Maps и другите сервиси од Google.

Посебно внимание ќе привлече стандардната презентација на новини поврзани со Android, систем кој е стигнат до својата 14та верзија. Тест верзиите за програмерите од Android 14 се веќе официјално достапни, па на Google I/O очекуваме да дознаеме повеќе за новините кои ќе дојдат оваа година.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаOutlook за корисниците на Mac отсега е бесплатен и може да се користи без Microsoft 365 претплата
Следна статијаНајновата надградба на Windows 11 на сите корисници ќе им биде пуштена на 14 март
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.