Google ја претстави првата верзија од Android 14 за програмерите, па со тоа полека дознаваме што може да се очекува од наредната генерација од овој оперативен систем.

Една од новините кои доаѓаат со Android 14 ќе им значи многу на корисниците кои користат продавници за апликации од трети страни, односно кои не сакаат баш да ја користат Play Store.

Овие продавници веќе функционираат на Android, но не баш на исто ниво како што функционира Play Store. Ова посебно доаѓа до израз при автоматското ажурирање на инсталираните апликации. Овие продавници можат да прават автоматско ажурирање, можност која беше додадена со Android 12, но немаа пристап до информацијата кога е најдобро да се направи таа активност.

Со Android 14, продавниците ќе можат да ја искористат новата API алатка преку која самиот систем ќе проверува дали корисникот ја користи апликацијата, дали разговара на телефон, дали не го користи телефонот и слично. Потоа, со оваа информација ќе може да се одлучи дали е погодно време за правење на автоматското ажурирање.

Ова ќе придонесе да овие продавници можат многу „понормално“ да функционираат, па доколку се користи функцијата за автоматско ажурирање, да не се прекинува корисникот додека прави нешто со својот телефон или самата апликација.

Според информациите, продавниците ќе можат самите да ги проверуваат неколку од условите пред ажурирање на апликациите, но од Google препорачуваат тие да го користат автоматскиот систем од Android кој ги проверува сите услови и дава препорака.

Дополнително, продавниците за апликации ќе можат да користат и таканаречена „сопственост на ажурирањата“ функција која ќе им овозможи да апликациите кои се инсталирани преку нив, се ажурираат само преку нив, наместо и преку други продавници или Play Store.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаMicrosoft подготвува нова верзија од Teams која ќе има многу подобри перформанси
Следна статијаTiny11 е неофицијална верзија од Windows 11 која може да работи на компјутери со послаби карактеристики
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.