Windows 11 минатиот месец доби поголема надградба, односно надградба која донесува неколку нови функции и не е пуштена само за исправка на грешки и безбедносни проблеми.

Главните новини кои се дел од оваа надградба ги вклучуваат новиот Bing, нова форма на полето за пребарување на „таскбарот“, можност за снимање на екранот преку Snipping Tool, а најавено беше и работењето на Phone Link апликацијата со iPhone.

Корисниците можеа да ја инсталираат оваа надградба минатиот месец, како дел од предвремената понуда за корисниците кои посебно го бираат тоа, а на сите корисници ќе им биде пуштена на 14 март, заедно со стандардното месечно ажурирање на системот.

Ова може да отвора прашања за голем дел од корисниците на кои не им е јасно каков е процесот на надградби на Windows 11. Дали системот ќе продолжи да добива по една нова верзија годишно и што значат овие надградби во текот на годината кои исто така донесуваат нови функции. Зошто Microsoft едноставно не ги „собере“ и пушти со главната надградба за таа година.

Кратко кажано, годишните поголеми надградби се тука за да се промени актуелната верзија од Windows 11, да се биде во тек со пазарот и да се поврзе верзијата со поддршката на системот. Тоа што порано беше време за добивање на нови функции, сега е распоредено во текот на годината.

Корисниците бараат нови функции почесто, па од компанијата тоа и им го даваат. На овој начин Windows 11 поредовно добива новини, а Microsoft има промена на верзијата еднаш годишно, нешто што може да се каже најмногу им значи на компаниите.

Поради ова е и разликата во начинот на инсталација на овие функции. Надградбите кои се како оваа од овој месец, се инсталира како и стандардните безбедносни ажурирања на системот, односно брзо и без многу чекање.

Годишните промени на верзијата со надградбата која доаѓа во есен, обично се нешто поголеми и како што е познато уште од Windows 10, бараат нешто подолг период на рестартирање на системот.

Може да се каже дека Microsoft го следи пазарот и пушта по една нова верзија секоја година, како што прават Apple и Google, но сепак на корисниците им додава нови функции во текот на годината, да не чекаат до есен.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаGoogle I/O оваа година ќе се одржи на 10 мај
Следна статијаMeta тестира враќање на Messenger назад во Facebook апликацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.