Новиот Bing, помогнат од вештачката интелигенција, поточно алатките на Microsoft и OpenAI, функционира веќе неколку недели. Корисниците можат да скратат доста време на истражување и Bing да го најде одговорот кој го бараат, сумиран од повеќе извори. Тука се и алатките за креирање на содржина, а ги гледаме само почетоците на нешто што ќе стане нормален дел од технологијата.

Поради појава на одредени проблеми при разговорите со Bing, поточно тие кои траат подолго време, Microsoft воведе ограничување, а тогаш најави и дека ќе воведе можност за избор од страна на корисниците во каков стил да одговара Bing при разговорите.

Bing сега официјално доби можност за насока на стилот на разговор, односно на одговори, па корисниците можат да изберат помеѓу креативен, балансиран и прецизен стил.

Истакнато е дека овој нов избор е во preview фаза, што значи не треба да се очекува перфектно следење на „правилата“. До секој избор стои објаснување, па така креативниот стил значи одговорите ќе бидат оригинални и имагинативни, ќе креираат изненадување и забава за корисниците.

Балансираниот стил овозможува одговори кои се разумни и кохерентни, балансирајќи точност и креативност. На крајот, прецизниот стил овозможува фактички и концизни одговори за кои приоритет се дава на фактите и важноста за корисникот.

Претходна статијаSony ја претстави својата линија на телевизори за 2023
Следна статијаDuckDuckGo го започна тестирањето на нивниот прелистувач за Windows со ограничена бета верзија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.