Иако Google ништо официјално нема кажано досега, сепак се верува дека тие работат на Pixel уред кој се преклопува. Pixel Fold се верува дека неколку пати досега е одложуван поради неколку причини, меѓу кои развојот на технологијата, како и силната конкуренција од Samsung со нивниот одличен Galaxy Z Fold.

Според сите неофицијални информации годинава, Google дефинитивно ќе претстави преклоплив Pixel телефон, а тоа треба да се случи во мај идната година. Ова се смета како прилично сигурен временски период, па со оглед на точноста на шпекулациите обично, мислиме дека ќе се оствари.

По објавата на првите неофицијални слики, односно „рендери“ од FPT, сега доаѓаат нови и подетални слики, како и неколку информации за димензиите од @onleaks во соработка со Howtojsolve.

Од сликите се гледа дека Google дефинитивно оди во правец на уред кој се претвора од мал таблет во смартфон, а овие уреди се и најпопуларни и најмногу им нудат предности на напредните корисници.

На задната страна се достапни три камери кои се поставени во модул карактеристичен на Pixel серијата, а достапни се и два звучници, USB-C порта, како и сензор за отпечатоци.

Од тоа што може да се види, Pixel Fold можно е да оди повеќе во правец на Oppo Find N, односно да има формат кој ќе биде нешто „поширок“ и ќе овозможи покласично смартфон искуство.  

Големината на екраните се најавува дека ќе биде 7,69 инчи за големиот екран, односно тој што се преклопува, како и 5,79 инчи за помалиот, надворешен екран. Димензиите треба да изнесуваат 158,7 на 139,7 на 5,7 милиметри.

Уредите на преклоп, кои веруваме дека во иднина ќе држат многу поголем дел од пазарот, сега за сега уште се „мачат“ со одредени проблеми, како што е фалтата на делот каде што се превиткува екранот, димензиите, дебелината, тежината и слично.

Овие проблеми треба да се решат во годините што следат, а тоа е изгледа и причината зошто најавите за влез на овој пазар од страна на Apple се за 2025 или 2026 година.

ИЗВОРTwitter
Претходна статијаMicrosoft тестира „screen recorder“ во Snipping Tool апликацијата
Следна статијаДали економската криза може да даде нов импулс на регионалната соработка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.